Ексевија Јованоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Уште во времето на Кралство Југославија му припаѓала на напредното работничко движење. По окупацијата на Земјата активно го помалаrа НОД во заднината. Во почетокот на 1942 година станала член на симпатизерска група со задача, проширување дејноста на КПЈ меѓу жените во Кичево. Во јули 1942 година станала член на КПЈ. Покрај работата вo партиската келија и женскиот младински актив, била задолжена да работи и на партиската техника која била сместена во нејзината куќа. Од страна на Месниот Комитет била задолжена во својот дом да прима илегалци. Пролетта 1943 година земала активно учество во подготовките за исфрлање на партизанскиот одред во Кичево. Во мај 1943 година била уапсена од окупаторот. Во полицијата била мачена и тепана. Окупаторот ја интернирал во логорот „Порта Романо“ и „Бурел“, Албанија, каде останала до капитулацијата на Италија. Во логорот зела учество во сите акции што ги организирала партиската организација. По враќањето од логорот, Околискиот комитет на КПМ - Кичево ја пратил на работа во заднината.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Македонци во логорот Порто Романо Категорија:Македонци во логорот Бурел