Џулија Карин Ормонд (родена на 4 јануари 1965 година) е англиска актерка. Таа се здобила со популарност појавувајќи се во Бебето од Макон(1993), Легенди на есента (1994), Првиот витез (1995), Сабрина (1995), Смила го чувствува снегот (1997) и Сибирскиот бербер (1998). Таа ја освои наградата Прајмтајм Еми за најдобра споредна женска улога во ограничена или антологиска серија или филм за нејзината улога во филмот на HBOТемпл Грандин (2010). Таа е позната и по улогата во Живите мртовци: Светот понатаму (2020) како главен антагонист.
Кариера Џулија Ормонд првпат се појавила на британската телевизија во серијата Трафик (1989), која ја прикажува нелегалната трговија со хероин од Далечниот Исток кон Европа. Таа ја играла ќерката зависничка од дрога на британски министер за внатрешни работи, улога за која добила пофални критики.
На почетокот на кариерата се појавила и во телевизиските филмови Младата Катерина (1991) и Сталин (1992).
Во 1993 година дебитирала со главна улога во меѓународниот филм Бебето од Макон, а во 1994 година глумела и во филмот Легенди на есента.
Во 1995 година, Ормонд ја играла кралицата Гвиневра во Првиот витез и главната улога во Сабрина. Во 1997 година, таа ја играла главна улога во трилерот Смила го чувствува снегот а во 1998 година глумела во рускиот филм Сибирскиот бербер.
Од крајот на 1990-тите, Ормонд се појавувала во инди-филмови и телевизиски филмови и играла споредни улоги во филмови како што се Ангели со железна вилица (2004), Необичниот случај на Бенџамин Батон (2008), Че: Прв дел (2008), Албатрос (2011) и Мојата недела со Мерилин (2011).
Ормонд има независна продуцентска компанија, Индикен Продакшнс, со седиште во Њујорк, а била и извршна продуцентка на документарецот Повикувајќи ги духовите: приказна за силување, војна и жени, кој ја освоил наградата КејблЕЈС и наградата за новинарство Роберт Ф. Кенеди. Филмот исто така бил официјален избор на Берлинскиот меѓународен филмски фестивали како и во Торонто. мини|Ормонд во 2005 година Во театар глумела во Мојот цинков кревет на Дејвид Хер, за кој добила номинација за наградата Оливие во 2001 година за најдобра актерка. На телевизија, Ормонд се појавила како гостинска ѕвездаво серијата на Истрага на местото на злосторството. Во 2010 година, ја освоила наградата Еми за нејзината споредна улога во телевизискиот филм Темпл Грандин. Во 2011 година, Ормонд била гостинска ѕвезда во последната сезона од серијата Закон и ред: Криминална намера.
Во 2012 година, Ормонд ја глуела Мари Калвет, мајка на Меган Дрејпер, во серијата Момците од Медисон, за која била номинирана за наградата Прајмтајм Еми за извонредна гостинска актерка во драмска серија. Од 6 октомври 2013 до 5 октомври 2014 година, Ормонд глумела во телевизиската серија Вештерките од Ист Енд, како Џоана Бошамп, еден од главните ликови. Од 2020 година, таа ја игра главната антагонистка, Елизабет Кублек, во телевизиската серија Живи мртовци: Светот Понатаму.
Личен живот Во 1988 година Џулија Ормонд се омажила за актерот Рори Едвардс, со кого се запознала за време на театарска изведба на Оркански височини. Бракот завршил со развод во 1994 година.
Ормонд во 1999 година се омажила за политичкиот активист Џон Рубин. Нивната ќерка Софи се родила во есента 2004 година. Двојката се развела во 2008 година, по што Ормонд продолжила да живее во Малибу, Калифорнија.
Од средината на 1990-тите активно се бори против трговијата со луѓе а во 2006 година започнала соработка со Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал за подигнување на јавната свест за овој проблем.
Таа е и поддржувач на „Трансатлантски партнери против СИДА“, организација која работи на подигање на свеста за СИДА во Русија и Украина, како и коосновач и копретседател на ФилмЕјд Интернешанал.
Ормонд била назначена за амбасадор на добра волја на Обединетите нации на 2 декември 2005 година. Нејзиниот фокус бил на борба против трговијата со луѓе и подигање на свеста за оваа современа форма на ропство.
Како амбасадор, настапувала и како советник пред Претставнички дом на САД, во Комитетот за меѓународни односи и неговите подкомитети, и патувала ширум светот во рамките на својата мисија.
Во 2007 година ја основала организацијата „Алијанса за запирање на ропството и искоренување на трговијата со луѓе“ (ASSET).
На 4 октомври 2023 година поднела тужба против Харви Вајнстин, тврдејќи дека ја нападнал во 1995 година. Со тужбата се бара отштета и од Компанијата „Волт Дизни“, „Мирамакс“ и Агенцијата за креативни уметници, со обвинение дека не ја заштитиле од злоупотребата.
Поврзано
Список на британски актери
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Англиски глумици Категорија:Англиски филмски глумици