Сер Пол М. Нeрс (, , Англија) — британски биохемичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 2001 година заедно со Лиланд Х. Хартвел и Тим Хант за нивните откритија на протеински молекули кои ја контролираат делбата на клетките во клеточниот циклус.

Животопис Родителите на Нурс биле од Норфолк. Тој пораснал во Вембли, северозападен Лондон, и посетувал граматичко училиште во округот Хароу. Дипломирал во 1970 година на Бирмингемскиот универзитет, а докторирал во 1973 година на Источноанглискиот универзитет.

Научна кариера Во 1976 година, Пол Нерс го идентификувал генот cdc2 кај квасците (Schizosaccharomyces pombe). Овој ген ја контролира прогресијата на клеточниот циклус од G1 фазата во S фазата и преминот од G2 фазата во митоза. Во 1987 година, Пол Нерс го идентификувал соодветниот ген кај луѓето, cdk1.

Во 1984 година, тој се приклучил на (ICRF). Во 1988 година, ја напуштил катедрата по микробиологија на Оксфордскиот универзитет. Се вратил во ICRF како директор за истражување во 1993 година и бил назначен за извршен директор во 1996 година. ICRF станал Cancer Research UK во 2002 година. Во 2003 година, бил назначен за претседател на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, каде што ја продолжил својата работа на клеточниот циклус кај квасецот.

Признанија и награди Избран за член на Кралското друштво (1989) Награда за медицина „Луј-Жанте“ (1992) доделена од Фондацијата Луј-Жанте. Кралски медал, доделен од Кралското друштво (1995) Награда „Алберт Ласкер“ за основни медицински истражувања (1998) Витез-бакалауреат (1999) Нобелова награда за физиологија или медицина (2001) Избран за странски член на Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави Витез на Легијата на честа (2002) Коплиев медал (2005) Избран за почесен член на Американската академија на уметностите и науките (2006)

Библиографија Nurse, Paul (2004) The Great Ideas Of Biology: The Romanes Lecture For 2003. Oxford University Press. What Is Life?: Five Great Ideas in Biology (2021), W. W. Norton & Company

Поврзано Список на претседатели на Кралското друштво

Наводи

Надворешни врски

Nobel Prize - Current Faculty and Emeriti

Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Членови на Британската академија Категорија:Членови на Европската академија на науките и уметностите Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Унгарската академија на науките Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Британски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Професори на Оксфордскиот универзитет Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола Категорија:Категории на Ризницата со месна врска иста како на Википодатоците