Грејди Линдер Вебстер (1927–2005) — систематист за растенија и таксоном. Тој добил голем број награди и бил назначен за стипендист на ботанички институции во САД. Истражувањето на Вебстер вклучувало проучување на семејство млечки, за кое напишал многу трудови, а предавал и за систематика на растенијата, биогеографија и екологија на опрашување. Кариерата на Вебстер како систематист за растенија се одликувала со теренските истражувања што ги преземал во тропски области.
Биографија Вебстер бил роден во Ада, Оклахома на 14 април 1927 година, од Ирена Лоис Херд и Грејди Вебстер, издавач на весник. Неговото семејство се преселило во Остин, Тексас. Работел во бизнисот на својот татко, а стекнал интерес за растенијата во средно училиште.
Вебстер служел како поручник во морнарицата додека бил запишан на Универзитетот Стенфорд, а дипломирал ботаника на Универзитетот во Тексас во 1949 година. Докторирал на Универзитетот во Мичиген кај Роџерс Мекво и се запишал на постдокторски студии со стипендија на Харвард, која ја обезбедила Националната научна фондација. На Харвард работел со И.В. Бејли и се оженил со Барбара Ан Донахју, докторка по морфологија на растенијата, во 1956 година.
Интересот за разновидното семејство на растенија Euphorbiaceae го инспирирал неговото теренско истражување, патувајќи во оддалечени тропски и суптропски региони во Африка, Јужна и Средна Америка, Карибите, Австралазија и Европа. Тој придонел со над 34000 примероци во хербариумите низ целиот свет. Тој предводел експедиција за проучување на флората на регион познат како резерват Макипукуна во Андите, и објавувил истражувања и книга за разновидност на видовите во неговите шуми.
Вебстер бил назначен за професор на одделот за ботаника и директор на арборетумот, на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис.
Наградата Грејди Л. Вебстер на Американското здружение на таксономисти за растенија (ASPT) и Ботаничкото друштво на Америка, се доделува годишно и наизменично на публикации од систематиката на растенијата или од структурната биологија. За време на неговиот живот, тој ги добил наградите Аса Греј и Мерит од овие здруженија. Добил стипендии од Гугенхајм, Смитсонијан и Националната научна фондација.
Наводи
Надворешни врски Трудови на Грејди Вебстер во Одделот за специјални збирки, Универзитетска библиотека, Универзитет во Калифорнија, Дејвис
Категорија:Апсолвенти на Мичигенскиот универзитет Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Родени во 1927 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американско ботаничко друштво