Каловаџик или Горно Калово (, Дексамени; до 1926 г. Καλοβατζίκ, Каловаѕик) — поранешно село во Скечанско, Западна Тракија, на територијата на денешната општина Скеча во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Драмски Чеч, северозападно од Крстополе, под врвовите Китик (1.263,8 м) и Кавалаџик (1.297,5 м) во Западните Родопи, на надморска височина од 800 м. Во близина се наоѓало поголемото село Калово.
Историја
Во XIX век Каловаџик било турско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 128 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 99 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се населиле неколку бегалски семејства. Во 1926 г. селото е преименувано во Дексамени (Δεξαμενή).
Поради немање поволни услови за живеење, новодојденците непосредно пред Втората светска војна го напуштиле селото и се иселиле во други места, поради што Каловаџик бил избришан од евиденција.
Наводи
Забелешки
Категорија:Историски села во Скеча Категорија:Чеч