Jasminum ffruticans e зимзелен вид на хризојасмини. Грмушката е со раст до 3 метри. Вирее околу Средоземното море и Блискиот Исток. Ја има и во Македонија.

Опис Зимзелена или полузимзелена разгранета грмушка, 1–2 м висока, со тенки, четириаголни, зелени или жолтеникаво-зелени, голи, вертикални или стрчести гранчиња. Листовите се наизменични, со 3 ливчиња, ретко со 1 или 2 ливчиња. Ливчињата се издолжено-елиптични, елиптични или издолжено- братнојајцевидни, 10–25 мм долги, 5–10 мм широки, во основата клиновидно стеснети или поретко со широка основа. Во врвниот дел затапени или поретко слабо заострени со кусо врвче, од двете страни голи, по рабовите со куси цилии, со куса дршка. Средното ливче е обично поголемо од страничните. Таа се наоѓа на термофилни места, во појасот на псевдомакијата, во шуми од бел габер, каменливи места, клисури, покрај патишта и железнички пруги, до 900 м. Во Македонија ја има во скопскиот регион, кумановскиот, велешкиот, Повардарие (до Гевгелија-Валандово-Богданци), како и струмичко. Владо Матевски, Флора на Република Македонија, том 2, св. 1, МАНУ, стр. 15--16

Цветови Цветовите се развиваат по 2–5 по врвовите на страничните гранчиња. Чашката е со куса ѕвончевидна трубичка и со 5 линејно-шиловидни запци со еднаква должина или подолги од трубичката. Венчето жолто со тесна издолжена венечна трубичка, двапати подолга од чашката и со 5 елиптични или јајцевидни венечни сегменти со дијаметар до 15 (20) мм.

Плод Плодот е црна и сјајна топчеста бобинка, со ширина 6–9 мм.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Хризојасмини