Коца Р. Јорданова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била монополска работничка. Учествувала во заднината на НОД од октомври 1941година како член на СКОЈ. Собирала народна помош од монополските работнички и растурала летоци. Бидејќи работела во монополот систематски земала тутун за борците. Делувала во селата Чашка и Ораовец, Велешко. На собирите со селаните растурала илегален материјал и летоци. Чувала илегалци од разбиениот Кумановски партизански одред и носела храна на политичките затвореници во Велес.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ