Мирко Ковач (Петровиќи, 26 декември 1938 — Ровињ, 19 август 2013) — југословенски, српски, црногорски и хрватски писател.

Животопис и творештво Ковач е роден на 26 декември 1938 година во Петровиќи, во близина на Никшиќ. Долго време живеел во Белград, работејќи како професионален писател, а во 1991 година се преселил во Ровињ, Хрватска, каде умрел на 19 август 2013 година. Во 1962 година го објавил поетскиот роман „Губилиште“ (издание на „Прогрес“ од Нови Сад). Во 1965 година ја објавил втората книга, „Мојата сестра Елида“ (издание на „Просвета“ од Белград). Во 1971 година го објавил краткиот роман „Животописот на Малвина Трифковиќ“ (според сопственото признание, неговото омилено дело) чие дополнето издание се појавило во 1977 година („Слово љубве“, Белград). Тоа било драматизирано и поставено на сцената на Атеље 212. Во 1971 година ја објавил и збирката новели „Раните на Лука Мештревиќ“ („Просвета“, Белград). Во 1976 година, во издание на „Напријед“ од Загреб го објавил романот „Исмејување на душата“. Во 1978 година го објавил романот „Врата од утробата“ за кој ја освоил НИН-овата награда. Исто така, тој е автор и на повеќе тв-драми од кои некои се изведени на сцената на „Пекарна“ во Љубљана. Покрај тоа, Ковач е автор и на сценаријата за филмовите: „Малите војници“, „Лисици“, „Маките по Мато“, „Окупација во 26 слики“, „Падот на Италија“ и „Тетовирање“.„Pisac o sebi“, во: Mirko Kovač, Vrata od utrobe. BIGZ, Beograd, 1979, стр. 339.

Наводи

Категорија:Југословенски писатели Категорија:Српски писатели Категорија:Црногорски писатели Категорија:Хрватски писатели Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Починати во 2013 година