Мариј Чодра () — национален парк кој се наоѓа во Република Мариј Ел, во близина на границата со Татарстан, Русија. Паркот зафаќа површина од 366 км² и е основан во 1985 година.Постановление Совета Министров РСФСР от 13 сентября 1985 г. № 400 «О создании национального парка „Марий Чодра“ в Марийской АССР» Најблискиот град е Волжск, на 30 км оддалеченост, а главниот град на Република Мариј Ел, Јошкар-Ола, е на оддалеченост од 60 км.

Флора Мариј Чодра е создаден за заштита на ретки растенија. Забележени се повеќе од 115 ретки растителни видови.

Паркот е покриен со мешавина од зимзелени и листопадни шуми. На поголеми надморски височини, во паркот преовладуваат дабови шуми со јавор, липа, смрека, а во пониските делови - мешани шуми од смрека, бор, липа, даб, јавор, јасика, брест. Постојат борови шуми со јасика, бреза, смрека. Мали површини се зафатени од ниски тревни ридови.

Фауна Од фауна најчесто се среќаваат: лос, верверица, европски зајак, невестулка, ласица, твор, куна, европски дабар, видра. Исто така, постојат мечки и волци. Од птиците присутни се: црн тетреб, голем тетреб, лештарка, додека од грабливи птици се среќаваат: јастреб, црна луња, златен орел. Најчести езерски птици се дивата патка и нуркачот.

Туризам Во паркот има четиринаесет туристички места, од кои најпопуларни се езерата Јалчик, Глукоје и Кичиерскаја, по што следува сплаварење по реките Иљет и Јушут, Пугачов Даб и планината Мапле.

Мариј Чодра е една од најпосетуваните туристички одредишта во републиките Мари Ел, Татарстан и Чувашија.

Наводи

Надворешни врски Государственный природный национальный парк «Марий Чодра» Национальный парк «Марий Чодра» Характеристика территории национального парка «Марий Чодра» Государственный природный национальный парк «Марий Чодра»

Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:МСЗП-Категорија II