мини|Рекреативна мапа на езерото Сапшо Националниот парк Смоленско Поезерје ( , што се преведува како Смоленски езера) претставува шумско-мочуришен екосистем состовен од 35 езера и се наоѓа во околината на северозападниот дел на Смоленската област во близина на руската граница со Белорусија, односно околу 64км северно од градот Смоленск. Реката Западна Двина тече низ езерскиот регион.
Паркот е официјално основан во 1992 година, додека од 2002 година е вклучен во меѓународната мрежа на биосферни резервати. Административно, националниот парк е поделен помеѓу областите Демидовски и Духовшчински во Смоленската област.
Топографија Паркот опфаќа регион 55 км од исток кон запад со 50 км од север кон југ преку рамна мрежа од ниски реки и езера, а највисоката надморска височина е 248 метри, додека најниската е 167 метри.
Основните релјефни форми вклучуваат чакалести морени и гребени, како и рамни поплавни рамнини. За главни реки се сметаат Јелша и Половја, додека најголемото езеро е езерото Сапшо (3км2), ледничко езеро и главна туристичка атракција во неговиот одморалиште Пржевалское. Покриените површини се проценети на околу:
107,563 хектари шума што е околу (75%),
16,240 хектари мочуришта околу (12.90%),
1.608 хектари езера или околу (1.28%) и
468 хектари реки (0.37%).
Клима и екорегион Смоленско Поезерје се движи кон источниот крај на екорегионот Сарматски мешани шуми (WWF ID#436), кој пак се протега од јужна Шведска преку балтичките држави до централна источна Европа (вклучувајќи ја Москва) па се до Уралските Планини. Екорегионот е појас од ниски шуми, езера и мочуришта, што се протега од Балтичкото Море источно до Уралските планини.
Шумската покривка е типично мешани четинари и листопадни дрвја, при што непрекинатите површини се под притисок од земјоделството.
Што се однесува до водното живеалиште, паркот е во слатководниот екорегион „Волга-Урал“ (WWF ID#410), регион кој генерално се карактеризира со голем број видови риби, но релативно малку ендемски видови.
Климата во Смоленско Поезерје е влажна континентална клима, топли лета (Кепенова климатска класификација (Dfb). Оваа клима се карактеризира со големи осцилации во температурата, и дневни и сезонски, со благи лета и студени, снежни зими. Деновите можат да бидат ведри во зима кога се присутни поларни воздушни маси, а во лето има повремени грмотевици. Просечните температури се движат од -8.33 °C во јануари до 17.78 °C во јули. Годишните врнежи во просек се 62 цм.
Растенија Паркот е дизајниран да опфати многу различни навики на мало, соседно место. Овие живеалишта вклучуваат борови шуми, смрекови шуми, широколисни шуми, мочуришта, ливади со острици по бреговите на реките и езерата, суви ливади и самото водно живеалиште. Прегледот на процентите на покриеност со дрвја покажа смрека (16%), бор (12%), бреза (38%), јасика (13%) и црна евла (6%).
Животни Во пописот на животните во паркот се регистрирани 54 видови цицачи, 232 видови птици и 37 видови риби. Во 2012 година, Светскиот фонд за дивиот свет започнал проект насловен како „Зачувување и реставрација на ретки видови птици во големите мочуришта на Националниот парк Смоленск Лејкленд“.
Историја Територијата на Смоленските езера е населена уште од античко време, а археолошки остатоци се пронајдени низ целиот парк. Најраните кремени алатки датираат од мезолитското време (7.000-8.000 п.н.е.), постојат 17 познати неолитски локалитети и околу 25 споменици од бронзеното време. Од петтиот век од н.е. културата на областа е словенска земјоделска и поврзана со дрво. Во модерното време, во регионот се евидентирани 123 села. Паркот вклучува одморалиште, Пржевалское, на бреговите на езерото Сапшо.
Туризам Паркот е развиен со рекреативни објекти, вклучувајќи го популарниот спа центар „Светиот бунар“ и античката населба Вержавска. Се одржуваат природни патеки, велосипедски патеки, патеки за коњи и водни туристички рути. Постои патека за деца наречена „Бајки за руска шума“, која содржи одбранбени позиции и домови на фолклорните ликови „Баба-Јага“ и „Леши“. Постојат водени тури за набљудување птици, посети на историско-културни места и научно образование. Паркот управува со 32 туристички засолништа и 30 пансиони. Администрацијата на паркот проценува дека има 230.000-250.000 посетители годишно, од кои повеќето се локални жители.
Поврзано
Заштитени подрачја на Русија
Наводи
Надворешни врски
Smolensk Lakeland Entry - UNESCO-MAB Biosphere Directory
Категорија:Географија на Смоленската област Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:МСЗП-Категорија II