Cerastium alpinum — нискорастечко повеќегодишно растение. Видот првпат го опишал Карл Линеј во 1753 година. Потекнува од Гренланд, Канада и северна Европа. Се одгледува во делови на карпести градини поради неговите многубројни мали бели цветови и сребрено влакнести стебла и лисја. Постојат три подвида.
Опис Ова е повеќегодишно тревесто сивозелено растение, расте во висина од 15-20 см, со разгранет ризом и со прилегнати гранчиња. Цветните стебленца се вертикални, во основата разгранети, со долги, тенки, повеќеклеточни влакна до 1,5 мм должина, а горниот дел е со жлездести влакна. Цветовите се поединечни, или п одва цвета, обично групирани во 4 или 5 цветни дихазиуми. Цветните дршки се долги 10-15 мм. Чашкините ливчиња се јајцевидни, заострени, долги 7-9 мм, венечните ливчиња се бели, двојно поголеми од чашкините ливчиња.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 262-263
Распространетост Во Македонија расте по високопланински пасишта, на надморска височина од 1800 до 2650 метри.
Во Македонија се среќава само на Шар Планина, на врвовите: Љуботен, Титов Врв, Церипашина и Рудока.
Наводи
Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј