Голема Ливада или само Ливада (, Ливадија или Μεγάλα Λιβάδια, Мегала Ливадија или Μεγάλο Λιβάδι, Мегало Ливади, ) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 123 жители (2021). Традиционално е населено со Власи.

Блиското село Мала Ливада, кое било во потесна врска со Голема Ливада денес е отпишано бидејќи не е обновено по Граѓанската војна.

Географија Селото се наоѓа на 27 км северозападно од градот Гуменџе. Лежи на висорамнина во средиштето на планината Пајак на 1.200 м.н.в.

Историја Во Отоманското Царство Ливада било големо влашко село основано во XVIII век од Власи дојденци од Епир, притиснати од Албанците. Првите доселеници дошле на висорамнината околу 1760 г. Во 1769 г. следеле нови преселнички бранови од Грамошта, но и од Москополе, срушено за првпат истата година од Албанците. Преселбите се засилиле за време на Али-паша Јанински (1788-1820). Меѓу 1812 и 1816 г. на висорамнината се доселиле семејства од Периволи, Гребенско, а по 1856 г. дошле и Власи од Самарина, исто така во Гребенско.Αστέρης Ι. Κουκούδης. Τα Μεγάλα Λιβάδια του Πάικου

Овие први доселеници првично живееле распрснато. На почетокот на XVIII век е основано селото Мала Ливада, а меѓу 1830 и 1840 г. се изградени првите камени куќи во Голема Ливада. Одделните маала на ги носеле имињата на старите села — Мисќани, Грамуштанли, Пириволате.Ντίνος Κιούσης. Μεγάλο Λιβάδι - Κιλκίς, Καθημερινή . Жителите на Ливада продолжиле да се занимаваат со номадско сточарство. Иако биле обиколени од влахомегленските села, тие го зачувале влашкиот јазик, поинаквиот начин на живот, носијата и обичаите.

Голема и Мала Ливада се претвориле во важни стопански центри во подрачјето. Власите одржувале трговски врски со Пазар, Гевгелија и Солун. Во селото се појавила романската пропаганда и отворено е романско училиште. Дел од жителите на Ливада сепак останале верни на гркоманијата и ги поддржувале андартските чети кои војувале со ВМОРО.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ливадија било село во Ениџевардарската Каза со 2.100 Власи христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ливада (Livada) имало 3.480 Власи и работело влашко училиште.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Ливада било влашко со 1.000 куќи.

По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Голема Ливада имала 400 семејства од 1.760 жители Власи и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Голема Ливада имало 850 куќи на Власи христијани, а во Мала Ливада имало 150 куќи, исто така на Власи христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Првиот грчки попис води 3.823 жители во Голема и 355 жители во Мала Ливада, но според други податоци селата имат над 5.500 жители. Селата силно настрадале во Првата светска војна, кога се практично уништени, и нивните жители за две години (1916-18) се распрснати. Падот се засилил со појавата на епидемија на грип. Доселувањето на грчки дојденци од Мала Азија, сиромаштијата и постојаната романска пропаганда ги зголемил стихиите на иселување - над од жителите на Ливада се преселиле во Добруџа, Романија.

За време на Втората светска војна на 4 мај 1943 г. германската војска заедно со некои македонски мештани од околината ги опљачкале и запалиле двете села. Ливада силно настрадала и во Граѓанската војна. Жителите се раселиле во преку 40 населени места. Во Воденско и Ениџевардарско — Свети Илија, Калиница, Колибите, Свети Ѓорѓи, Врежот, Долно Власи, Голо Село, Бабјани, Обор, К’шлар, В’дришта, Ново В’дришта, Спирлитово и Пазар. Во Гуменџиско и Кукушко — Гуменџе, Бојмица, Ашиклар, Ругуновец, Бајалци, Драгомирци, Казаново, Смрдешник, Кара Ахматли и Кукуш. Во Солунско — Доганџиево, Коњари, Ени Маала, Градобор, Ново Село, Даутбал, Додулари, Арманќој, Менемени, Јуренџик, Лембед, Илиџиево, Пејзаново, Ексохи, Хортач, Капуџилар, Седес, Агија Тријада, Свети Васил, Балевец и Солун.

По војната мал број семејства останале да живеат меѓу урнатините на двете села. Продолжиле да се занимаваат со традиционалното номадско сточарство и одгледување на компир. Во 1970 г. урнатините на Голема Ливада се отстранети и изградени се 80 мали нови куќи. На почетокот на XXI век овие куќите се намножиле на 120. Мала Ливада денес е отпишана.

Во 1964 г. е основано Фолклорното друштво на Голема Ливада со седиште во Солун, а в 1994 г. и друштвото „Пенде Врисес“ на Власите од Ливада во Бојмица. Во 1995 г. се основани уште две друштва — Друштво на Власите од Седес и Кајачали „Агиос Николаос“ и друштвото „Агио Пневма“ на Власите од Ливада, Кокинопило и Клисура во Лембед.

+ Месности во Ливада преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Синистра Σινίστρα Зервокорифи Ζερβοκορυφήврв на ЈИ од Ливада Мегалос Перос Μεγ. Περός Исома Ίσωμα врв Микрос Перос Μικρός Περός Исома Ίσωμαврв на ЈЈЗ од Ливада (1.222 м) Паприте Πάπριτε Фтерес Φτέρεςврв на ЈЗ од Ливада (1.355 м) Грамада Γκαρμάντα Петрорема Πετρόρεμαрека на Ј од Ливада Гроб Γκρόπ Тафос Τάφοςврв на Ј од Ливада (1.457,8 м) Карабунар Καρά Μπουνάρ Мавропигадо Μαυροπήγαδοмесност на ЈЗ од Ливада Чаири Τσαΐρια Ливадија Λιβάδιαмесност на ЈЗ од Ливада Горица Γκουρούτσικα Корифи Κορυφήврв на ЈИ од Ливада Франгово Φράγκοβα Франгохора Φραγκοχώραмесност на ЈИ од Ливада Ируска Ίρούσκα Самари Σαμάριврв на З од Ливада (1.382 м) Хасан Тепе Χασάν Τεπέ Антирас Άντήραςвозвишение на З од Ливада Мусов Гроб Γκρόπα Μούσιο Мнима Μνήμαврв на СЗ од Ливада Сехово Σέχοβον Анеморахи Άνεμόραχηврв на ИСИ од Ливада Бигорлива Μπικορλίβα Ливади Λιβάδιмесност на СИ од Ливада Гува Γκούβα Лака Λάκκαизвор на И од Ливада, Ј под врвот Сехово

Население

Личности мини|Ташо Гиздаров Родени во Ливада Анастасиос Белис — андартски капетан Василе Барба (1918 – 2007) — филолог-ароманист во Германија Георги Костов — револуционер на ВМОРО, четник на Штерјо Јунана„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.56 Георги Штерјо — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25 Думитру Лимона (1912 – 1977) — архивист-палеограф во Романија Коста Гули (1916 – 1985) — поет во Романија Михаил Хандури — војвода на влашка чета на ВМОРО Наќе (Јанко) Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.30 Нешо Ташов — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев Никола Митрев — борец во МОО во четата на Ичко Димитров Николаос Давелис — андартски деец Николаос Несиос — андартски деец Митре Николов — револуционер на ВМОРО, четник на Штерјо Јунана Стерјо Наум — андартски капетан Ташо Гиздаров (1884 - 1933) — револуционер на ВМРО Штерјо Јунана (? – 1906) — револуционер, војвода на ВМОРО

Починати во Ливада Васе Суми (1879 – 1907) — револуционер, војвода на ВМОРО Михаил Мораитис (1856 – 1905) — андартски капетан Спирос Франгопулос (1879 – 1905) — андартски деец

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Пајак (планина)