Алберт Ферер Љопис (роден на 6 јуни 1970 година, во Барселона) — шпански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Технички карактеристики Брз и цврст одбранбен играч, чија омилена улога била десен бек иако можел да игра на било која позиција во одбранбената линија.

Клупска кариера Роден во Барселона, Ферер ја започнал својата кариера во истоимениот клуб на 13-годишна возраст. Напредувајќи низ младинските категории на клубот, во 1988 година, тој ги одиграл првите натпревари како професионален фудбалер со вториот тим на Барселона. После една ипол сезона, во јануари 1990, тој се преселил во Тенерифе со кој дебитирал во Примера Дивисион.

thumb|left|Ферер (втор од лево) во дресот на Барселона во 1992 Откако во сезоната 1989-1990 одиграл 17 натпревари за Тенерифе и оставил добар впечаток во шпанската врвна дивизија, во летото 1990 година, Ферер се вратил во Барселона каде бил приклучен во првиот тим. Дебитирал во дресот на Барселона на 1 септември 1990, во победата со 1-0 на гостувањето кај . Од тој момент, Ферер станал редовен стартер на позицијата десен бек на „Блауграна“ во текот на следните осум години, во кој одиграл вкупно 301 натпревар и постигнал 3 гола. Во тој период додека Ферер играл за Барселона, каталонскиот тим освоил многу трофеи: пет шпански првенства, една Лига на шампиони (1992), еден Куп на победниците на куповите (1997), два шпански купа, четири шпански суперкупа и два Европски суперкупа. Тој освоил 17 официјални трофеи (15-те веќе споменати, плус два Каталонски купови во 1991 и 1993 година) со дресот на Барса, изедначен со Хосе Рамон Алексанко: во рангирањето на најодликуваните „Барселонисти“ двајцата се рангирани на второто место, веднаш зад Гилермо Амор (19 титули).

По зголемувањето на холаднското влијание во Барселона предводено од Луј ван Гал, Ферер бил приморан да замине од клубот потпишувајќи договор со Челси во јуни 1998. Тој брзо се етаблирал во лондонската екипа, помагајќи им да се квалификуваат за Лигата на шампионите во неговата прва сезона; следната година, тој го освоил ФА купот со Челси (иако не настапил во финалето поради повреда) и стигнал до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде настапил во 14 од 16 натпревари, и го постигнал својот единствен гол за клубот во победата со 2–0 над Херта Берлин.

Комбинација од повреди и политиката на ротација на тимот на менаџерот Џанлука Вијали ги ограничила можностите за игра на Ферер во сезоната 2000–2001 во која тој одиграл само 14 првенствени натпревари. Челси стигнале до уште едно финале на ФА купот во 2002 – кое Ферер повторно го пропуштил, но овојпат поради тоа што не бил избран, и покрај тоа што играл во полуфиналето против Фулам. Откако не бил омилен и се соочил со силна конкуренција од помладите соиграчи, тој одиграл само седум натпревари во последните две години и заминал во мај 2003 година по истекот на неговиот договор, после 113 одиграни натпревари за „Сините“. Набрзо потоа, тој се пензионирал на возраст од 33 години.

Репрезентативна кариера Ферер одиграл 36 натпревари за шпанската репрезентација, за која дебитирал на 4 септември 1991 година во пријателски натпревар против Уругвај во Овиедо.

Следната година, тој бил дел од олимписката репрезентација која го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 1992 во неговиот роден град.

Потоа, Ферер станал редовен играч во сениорската репрезентација; бил повикан за Светското првенство 1994 каде ги одиграл сите натпревари на патот на репрезентацијата до четвртфиналето каде биле поразени од Италија со 2-1. Откако го пропуштил Европското првенство 1996, тој настапил на својот втор Мундијал во кариерата на Светското првенство 1998, каде забелеал само еден настап во поразот со 2-3 од Нигерија во првиот натпревар од групната фаза.

Неговиот последен натпревар за Шпанија бил поразот со 0-2 од во пријателски натпревар одигран во Севиља на 17 ноември 1999 година.

Титули Клупски Барселона Примера Дивисион : 5 1990–1991, 1991–1992, 1992–1993, 1993–1994, 1997–1998 Куп на Шпанија : 2 1996–1997, 1997–1998 Суперкуп на Шпанија : 4 1991, 1992, 1994, 1996 Куп на шампиони : 1 1991-1992 Куп на победниците на куповите : 1 1996–1997 Суперкуп на Европа : 2 1992, 1997

Челси ФА Куп : 1 1999-2000 ФА Черити Шилд : 1 2000 Суперкуп на Европа : 1 1998

Репрезентативни Олимписка репрезентација на Шпанија Летни олимписки игри : 1 Златен медал: 1992

Наводи

Надворешни врски

Алберт Ферер на soccerway Алберт Ферер на transfermarkt Алберт Ферер на espn Алберт Ферер на whoscored

Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Шпански фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Тенерифе Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Луѓе од Барселона Категорија:Живи луѓе