мини|десно|Стара куќа во селото. мини|десно|Црквата „Св. Никола“ во селото. Корнишор (, Кромни; до 1926 г. Κορνισόρ, Корнисор или Κορνισιόρ, КорнисјорΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κορνισόρ -- Κρώμνη) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3 жители (2021). Ова чисто македонско село имало многу побројно население сè до 1970-тите, кога властите ги префрлиле неговите жители во Ново В’дришта за полесна контрола и асимилација.
Географија Селото е сместено во јужните падини на планината Пајак, 13 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Во врска со местоположбата на селото, во 1909 г. Никола Хрлев напишал:
Историја Во Отоманското Царство Корнишор се среќава во османлиски дефтер од 1632 г. како село со 64 христијански семејстваФилипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр. 95.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Корнишор броел 400 жители Македонци и 80 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 146.
На Илинден 1903 г. во Корнишор се обединиле четите на Крсто Асенов од Кукушко и ениџевардарските чети на Апостол Петков и Иван Карасулијата. Тука, пред 250 четници е одржана церемонија за осветување на знамето.Петров, Благой. Наранената земя, Алкор, 1995, Бургас. Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 126.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Корнишор имало 432 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102-103. Во селото почнала да работи и бугарската пропаганда.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Курпушор било македонско со 80 куќи.
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
Во 1909 г. во подрачјето на селото дејствувала гркоманската чета на Митре Никола Чера и Иван Богдан.Дебърски глас, година 1, брой 30, 24 октомври 1909, стр. 3. Корнишор во ова време веќе било големо село, бидејќи српскиот географ Боривое Милоевиќ во периодот пред Балканските војни го завел со 100 македонски куќи.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од вод бугарски војници, подоцна истиснат од грчка војска. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 675 жители, а во 1920 г. се намалило на 525 лица. Црквата и бугарското училиште се затворени. На крајот од Првата светска војна во 1918 г. се обесени мештаните Петар Петљаков, Христо Коњаров и Стојан Богданов, а Тодор Линов е претепан до смрт за потпомагање на бугарската војска. На заточеништво на Крит се испратени осудените Ташо Камшиков, Фото Ристаков, Григор Милошев, Иван Костараков и Петар Фустанов. За време на Грчко-турската војна (1919-1922) момчиња од селото се присилно мобилизирани во грчката армијаБабев, Иван. Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 437-440. По 1924 г. 30-50 лица (3-4 семејства) го напуштиле селото, населувајќи се во Горен Воден кај Асеновград во Бугарија; Тодор Симовски го дава податокот дека се истерани дури 260 жители. Во Корнишор се доведени грчки доселенички семејства, но тие наскоро го напуштиле поради неплодноста на земјиштето, па селото и понатаму останало чисто македонско.
Во 1928 г. Корнишор е преименуван на Кромни. Таа година населението броело 330 жители, кое во 1940 г. се зголемило на 448 лица. За време на Граѓанската војна во Корнишор бил сместен штабот на ДАГ. Властите ги повлекле жителите долу во полето, но тие се вратиле по војната. Во 1951 г. во селото се попишани малку жители (156), бидејќи многумина сè уште не биле повратени, но затоа во 1961 г. селото броело 565 лица. Во 1968 г. власта почнала да ги иселува жителите во соседното Ново В’дришта за полесно контролирање и асимилација.Корнишор на порталот на поранешната Општина Кир Ново В’дришта на порталот на поранешната Општина Кир Во 1971 г. во него е попишан 441 жител, а на следните два пописа селото било без жители.
Денес Корнишор е прогласен за архитектурен резерват и оживува се како туристичко место, а во него живеат неколку жители.
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1877 г.
Личности Родени во Корнишор Григор Фустанов (? – 1928) — револуционер на ВМРО Костадин Контев — револуционер на ВМРО Мара Петлякова (1912 – 1944) — партизанка во Бугарија Никола Петљаков — комунистички деец во Бугарија Христо Зинов (Зината) — војвода и деец на ВМРО
Починати во Корнишор Атанас Коровешов (1918 - 1945) — комунистички деец, раководител на СНОФ Крсто Асенов (1877 - 1903) — револуционер, ениџевардарски војвода на ВМРО
Поврзано Пајак (планина)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Постол Категорија:Пајак (планина)