Бесарабската губернија била губернија во Руската Империја, со административен центар во Кишинев. Зафаќала територија од и население од 1,935,412 жители. Бесарабската губернија граничела со Подољската губернија на север, Херсонската губернија на исток, Црното Море на југ, Романија на запад, и Австрија на северозапад. Приближно се совпаѓа со територијата на денешна Молдавија и делови на Черновечката и Одеската Област во Украина.
Губернијата го вклучувала источниот дел од Кнежевството Молдавија, заедно со соседните територии под османлиска власт, анексирани од Русија со Букурешкиот договор по Руско-турската војна (1806-1812). Губернијата била распуштена во 1917, со основањето на Sfatul Țării, народно собрание кое ја прогласило Молдавската Демократска Република во декември 1917. Таа подоцна се обединила со Романија во април 1918.
Околу 65% од територијата на поранешната губернија денес припаѓа на Република Молдавија; околу 35% припаѓа на Украина.
Белешки
Категорија:Губернии во Руската Империја