Денот на сеќавање на сите жртви на хемиско војување важи за годишен настан што се одржува на 30 ноември како „Почит кон жртвите на хемиското војување, како и за повторно потврдување на посветеноста на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) за елиминирање на заканата од хемиско оружје, со што се промовираат целите за мултитерализам, мир и безбедност. Признаен е официјално од Обединетите нации (ОН) и се слави од 2005 година. На денот на одбележување во 2013 година, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, одржал говор. десно|мини|200x200пкс|Учество во Конвенцијата за хемиско оружје, која стапи на сила на 29 април 1997 година На 11 ноември 2005 година, за време на последниот ден од Десеттата сесија на Конференцијата на државите-страни на Обединетите нации, членовите на ОН официјално го прифатиле Денот на сеќавање на сите жртви на хемиско војување, по предлог на генералмиот директор на Секретаријатот - Рохелио Пфиртер. Покрај тоа, бил прифатен предлогот на Пфиртер за изградба на споменик во Хаг во чест на сите жртви на хемиско војување. 29 април бил избран за датум за прослава на настанот бидејќи Конвенцијата за хемиско оружје стапила на сила на тој ден во 1997 година.
И покрај тоа што поголем дел од светот или се откажал или ги уништил своите залихи од хемиско оружје од 2013 година, неколку нации не го направиле истото. Четири од нив, Израел, Египет, Северна Кореја и Јужен Судан, не ја потврдиле конвенцијата и се сомневале дека поседуваат хемиско оружје. Познато е дека Сирија поседува значителни залихи, а генералниот секретар Бан Ки Мун го забележал ова во својот говор од 2013 година, осудувајќи ја нацијата за нејзината наводна експлоатација на хемиско оружје во нејзината тековна граѓанска војна. На 14 септември 2013 година, Соединетите Американски Држави и Русија објавиле во Женева дека постигнале договор со кој Сирија ќе го прифати договорот и ќе се откаже од своето хемиско оружје. Сириската влада соработувала и од ноември 2013 година, сите освен едно од 23-те јавно прогласени места за хемиско оружје во Сирија биле посетени од меѓународни инспектори кои ја демонтираат сириската програма за хемиско оружје.
Датумот бил променет на 30 ноември (односно првиот ден од редовната сесија на Конференцијата, кога е соодветно) на 20-тата сесија на Конференцијата на државите-страни на Конвенцијата за хемиско оружје во 2015 година. Наместо тоа, 29 април бил прогласен за „Меѓународен ден за основање на Организацијата за забрана на хемиско оружје“ („Ден на OPCW“).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Хемиско војување Категорија:Празници во ноември Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации