Фреди Иствуд (роден на 29 октомври 1983 година) — поранешен професионален фудбалер. Ја започнал својата кариера во Вест Хем Јунајтед, а играл и за Саутенд Јунајтед, Грејс Атлетик, Вулверхемптон Вондерерс и Ковентри Сити. Тој одиграл единаесет натпревари во својата меѓународна кариера за Велс.
Клупска кариера Иствуд ја започнал својата кариера како академски играч на Вест Хем Јунајтед откако одбил понуда за стипендија во Саутенд, каде што бил просперитетен младински играч. Во Вест Хем, Иствуд играл во истиот младински тим како Џермејн Дефо, Антон Фердинанд и Глен Џонсон, но менаџерот Глен Родер не го сметал за доволно добар и бил отпуштен од „Чеканите“ во мај 2003 година. Откако бил отпуштен, тој размислувал целосно да се откаже од фудбалот и кратко работел како автомобилски продавач.
Грејс Атлетик Иствуд се приклучил на тимот Грејс Атлетик од Нациолната лига Запад, во август 2003 година. Тој постигнал 37 голови во лигата и купот во својата прва сезона, освојувајќи ја Грејсовата златна копачка и привлекувајќи внимание од голем број професионални клубови, вклучувајќи ги Нортхемптон Таун, Свиндон Таун и Чарлтон Атлетик, како и Саутенд Јунајтед.
Саутенд Јунајтед Иствуд се приклучил на Саутенд Јунајтед во октомври 2004 година, првично на позајмица. На своето деби, тој го постигнал првиот гол по 7,7 секунди, нов рекорд во англиската лига за дебитант, и продолжил постигнувајќи уште два за да го запише својот прв од трите хет-трика за клубот, кога Саутенд го победил на првиот на табелата Свонзи Сити со резултат од 4-2. Иствуд се приклучил на Саутенд на постојан договор во ноември 2004 година за неоткриена сума во тригодишен договор од Грејс. Тој ја завршил сезоната 2004-05 со 24 гола на 42 натпревари и го постигнал првиот гол во победата на неговиот клуб од 2-0 над Линколн Сити во финалето на плејофот од Лига Два на Милениумскиот стадио во Кардиф во мај 2005 година, што резултирало со промоција во наредната лига за Саутенд Јунајтед.
Иствуд го постигнал 5.000-тиот гол за Саутенд Јунајтед во лигата на 2 јануари 2006 година, кога го постигнал победничкиот гол против Блекпул на Блумфилд Роуд, со што Саутенд се искачиле на врвот во Лига Еден. Тој постигнал два гола против Свонзи Сити на 29 април 2006 година, со што Саутенд Јунајтед завршиле нерешено 2-2, резултат што го осигурал нивниот пласман во Чемпионшипот. До крајот на сезоната 2005-06, Иствуд бил 18-ти на листата на најдобри стрелци на Саутенд на сите времиња со 49 гола, од кои 45 биле во лигата, два во ФА купот и два во Англискиот трофеј. Тој го делел местото за најдобриот стрелец со Били Шарп во Лига Еден во 2005-06 со 23 гола.
Следната сезона, Иствуд го постигнал својот 50-ти погодок за клубот во првиот Чемпионшип натпревар против Стоук Сити. Но сезонава се покажала како тешка за напаѓачот и покрај тоа што постигнал 11 гола, Иствуд не успеал да спречи испаѓање во Лига Еден, но сепак, врвот на сезоната на Саутенд дошла кога Иствуд го постигнал единствениот гол, спектакуларен слободен удар од 27 метри пред гостинските навивачи на Северната трибина, за време на победата во четвртото коло Фудбалскиот Лига куп на Англија против Манчестер Јунајтед на 7 ноември 2006 година, со што ги исфрлил шампионите од натпреварувањето.
Вулверхемптон Вондерерс Иствуд потпишал четиригодишен договор со Вулверхемптон Вондерерс во јули 2007 година, откако го комплетирал трансферот од Саутенд за 1,5 милиони фунти. Напаѓачот ја започнал сезоната 2007-08 импресивно, постигнувајќи го својот прв гол за Вулверхемптон на своето деби во победата од првото колоФудбалскиот Лига куп на Англија над Бредфорд Сити, а го завршил месецот со 4 погодоци, со што ја освоил наградата за играч на месецот во Чемпионшипот за август. Сепак, неговите голови престанале во следните месеци и тој често бил на клупата за резервни играчи или целосно бил изоставен од тимот, а Енди Кеог, Џеј Ботројд, Кевин Кајл и Силван Ебанкс-Блејк сега биле пред него во главниот редослед.
Тој бил блиску до преселба во Ковентри Сити во март 2008 година, но договорот пропаднал во последен момент. Тој останал популарен кај многу навивачи на Вулверхемптон, кои верувале дека не му биле дадени фер низа натпревари, што предизвикало поделба меѓу навивачите кон крајот на сезоната. Тој ја завршила сезоната со само 3 гола во 10 натпревари каде што бил прв состав (вкупно 35 натпревари), што го натерал да го напушти клубот, а менаџерот Мик Мекарти објаснил: „Не е ништо лично, но не се одвиваше онака како што би сакале двајцата. Тој не се вклопи во мојот тим, но сака да игра и ќе се снајде добро на друго место. Му посакуваме среќа.“
Ковентри Сити Во јули 2008 година, тој се приклучил на Чемпионшип тимот Ковентри Сити во четиригодишен договор за наводни 1,2 милиони фунти.
Иствуд дебитирал за Ковентри Сити против Норич Сити на 9 август 2008 година, а Ковентри го добил натпреварот со 2-0. Иствуд го постигнал својот прв гол за „Небесно сините“ една недела подоцна против Барнсли во победата на Ковентри од 2-1. Следеле голови против Блекпул, Ипсвич Таун и Вотфорд, но ова било уште една фрустрирачка сезона за напаѓачот, кој кон втората фаза од сезоната се користел во левиот средниот ред.
На 31 октомври 2009 година, тој постигнал хет-трик против Питерборо, каде што натпреварот завршил со резултат од 3–2. Тој бил првиот играч што постигна хет-трик на „Рико Арена“. Иствуд бил отпуштен од Ковентри Сити кога му истекол договорот на крајот од сезоната 2011/2012.
Враќање во Саутенд мини|Фреди Иствуд пристигнувајќи на Бароуз Парк пред предсезонскиот пријателски натпревар на Саутенд Јунајтед против Грејт Вејкеринг Роверс во 2013 година. На 22 март 2012 година, Иствуд се вратил на позајмица во својот поранешен клуб Саутенд Јунајтед до крајот на сезоната 2011–12. Тој по втор пат дебитирал за Саутенд на 24 март 2012 година во поразот од 1–0 против Бристол Роверс на „Меморијал Граунд“. Тој го постигнал својот прв гол за Саутенд Јунајтед по неговото враќање во својот втор натпревар во победата на Саутенд од 4–0 против Челтнам Таун на 30 март 2012 година. На крајот од сезоната 2011–12, Иствуд бил принуден на операција поради проблеми со коленото.
На 12 јули 2012 година, Иствуд потпишал двегодишен договор за да остане во Саутенд, по неговото трансферово ослободување од испаднатиот Ковентри Сити. На 22 септември 2012 година, Иствуд го постигнал својот прв гол по неговото трајно враќање во Саутенд, кога со глава од блиску го постигнал победничкиот гол во победата од 2–1 над Ексетер Сити.
Иствуд се вратил на почетокот на предсезонските подготовки пред сезоната 2013–14, изгледајќи послаб и поостар, но ја започнал сезоната во најдобра форма од 2005 година, откако постигнал 4 гола во последователни натпревари и тврдел дека сега се чувствува исто толку самоуверено како што бил во својот прв престој во клубот. Менаџерот Фил Браун тврдел дека Иствуд бил во најдобрата форма на својата кариера.
Иствуд го поминал поголемиот дел од сезоната 2013-2014 како дел од првиот состав, играјќи во 30 лигашки натпревари, од кои 19 како резерва. На 23 мај 2014 година, Саутенд објавиле дека договорот на Иствуд немало да биде обновен, со што се ставил крај на соработката со Саутенд, која му донела 77 гола во двата периода. Клубот во соопштението изјавил дека Иствуд бил „легенда на Саутенд“.
Меѓународна кариера Неговата баба по татко била родена во Велс, па Иствуд имал право да игра во фудбалската репрезентацијата на Велс. Тој бил избран во составот за пријателскиот натпревар против Нов Зеланд во мај 2007 година и клучниот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2008 против Чешка во јуни, меѓутоа постоечката повреда на грбот не заздравила толку брзо како што се надевале и Иствуд бил принуден да се повлече од составот.
Тој бил избран во составот за игра против Бугарија и го постигнал својот дебитантски гол за репрезентацијата во првото полувреме од нивната победа од 1–0 на 22 август 2007 година. Џон Тошак, селекторот на Велс, изјавил: „Тоа беше навистина посебен гол [...] Сега имаме играч во нападот кој си ја знае работата. Свесни сме за неговите голгетерски подвизи и работевме напорно за да се осигураме дека ќе стане репрезентативец на Велс.“
И покрај тоа што не бил во омилените играчи во Вулверхемптон во сезоната 2007–08, Иствуд бил избран за Велс и ги постигнал двата гола во победата од 2–0 над Луксембург во март 2008 година. Тој постигнал четири гола во десет меѓународни настапи. Неговиот последен настап за Велс бил во февруари 2011 година во натпреварот на Велс од Националниот куп против Ирска на стадионот „Авива“ во Даблин.
Личен живот Иствуд е роден во романско семејство во Епсом, Сари и често го гледале како го тренира својот коњ на патот А127 во Есекс, рано наутро на деновите ког играл за Саутенд Јунајтед и имале натпревари.
Во август 2006 година, тој упатил апел до британската влада со цел да го задржи својот дом во Базилдон, откако Советот на Басилдон одбил да му издаде дозвола за градба. Во ноември истата година, на Иствуд и неговото семејство им било соопштено дека одлуката на Советот не била потврдена од Владата, со што му било дозволено да остане во домот најмалку во наредните пет години.
Во јули 2009 година, Иствуд бил казнет од мировни судии откако бил фатен како неправилно фрла ѓубре, при што во отпадот биле пронајдени сметка за електрична енергија и банкарски изводи со неговото име.
Синот на Иствуд, исто така по име Фреди, порано играл во младинската академија на Саутенд Јунајтед.
Меѓународна статистика +Настапи и голови по репрезентација и година Национален тим Година Натпревари Голови Велс 2007 5 2 2008 5 2 2011 1 0 Вкупно 11 4 +Список на меѓународни голови постигнати од Фреди Иствуд Бр. Датум Место на одржување Настап Противник Гол во натпревар Краен резултат Натпревар 1 22 август 2007 година Стадион Лазур, Бургас, Бугарија 1 1–0 1–0 Пријателски 2 12 септември 2007 година Стадион Антон Малатински, Трнава, Словачка 3 1–1 5–2 Квалификации за Европско првенство 2008 3 26 март 2008 година Стадион Џози Бартел, Луксембург Сити, Луксембург 7 1–0 2–0 Пријателски 4 2–0
Наводи
Надворешни врски Фреди Иствуд на Soccerbase Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Велшки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Грејс Атлетик Категорија:Фудбалери на Саутенд Јунајтед Категорија:Ромски фудбалери Категорија:Велшки Роми Категорија:Фудбалски напаѓачи Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс