Каталин Барсоњи (родена во 1982 година) — унгарска и ромска филмска режисерка и социолог. Таа ја продуцирала серијата Мунди Романи – Светот низ очите на Ромите и го режирала документарецот „ Колку далеку се ѕвездите“.

Биографија Каталин Барсоњи била родена во 1982-та година во Будимпешта од Ромка мајка и Еврејски татко. Студирала на докторски студии при Универзитетот Корвинус. Работела и во телевизија и ја создала серијата Мунди Романи – Светот низ очите на Ромите, првата документарна серија во која се работи за ромските заедници прикажувани на унгарската телевизија.

Во 2009 година, Барсоњи била една од четирите професионалци кои ја известиле Комисијата за безбедност и соработка во Европа за проблемите на Ромите. Таа е извршен директор на фондацијата Ромедија, која создава филмови за ромските заедници. Барсоњи ја побарале да направи селекција од вкупно 35 филмови за ромската култура за RomArchive. Личниот документарец „Колку далеку се ѕвездите“ (2019 година) го покажала на рој фестивали, вклучувајќи го Сараевскиот филмски фестивал и Источни соседи.

Својот документарец „Суно Дихлем“, белгиско-унгарска партнерска продукција, бил пласиран за главниот натпревар на 31-от филмски фестивал во Сараево. Главен лик на филмот е косовско-ромско младо момче кое се соочува со депортација од Германија и се соочува со себеспознувачки прашања за идентитет, дом и иднината.

Наводи

Дополнително читање

Кателин на Семрежната филмска база на податоци

Категорија:Унгарски Роми Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Ромски филмски режисери Категорија:Унгарски филмски режисери