Масакрот во Госпиќ — масовно убиство на 100-120 цивили во Госпиќ, Хрватска, во текот на последните две недели од октомври 1991 година, за време на Хрватската војна за независност.Поголемиот дел од жртвите биле уапсени во Госпиќ и блискиот крајбрежен град Карлобаг. Повеќето од нив биле уапсени на 16-17 октомври, а некои од притворените биле однесени во касарната Перушиќ и погубени во Липова Главица во близина на градот, додека други биле застрелани во областа Пазариште во Госпиќ.

Убиствата биле наредени од секретарот на Кризниот штаб во Лика, Тихомир Орешковиќ, и командантот на 118 пешадиска бригада на Хрватската национална гарда, потполковник Мирко Норац.

Убиствата биле објавени во 1997 година, кога воен член на паравоената единица „Есенски дождови“ зборувал за вмешаноста на единицата во убиствата на цивили во Госпиќ во интервју за „Ферал Трибјун“, а се до 2000 година не била покрената никаква формална истрага, откако тројца поранешни хрватски разузнавачки и воени полицајци го информирале Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија за убиствата.

Петмина, вклучувајќи ги Орешковиќ и Норац, биле уапсени во 2001 година и судени. Орешковиќ, Норац и Стјепан Грандиќ биле прогласени за виновни за злосторството и осудени на 14, 12 и 10 години затвор во 2004 година.

Позадина

Во август 1990 година, во Хрватска се случило востание центрирано во области претежно населени со Срби, вклучувајќи делови од Лика, во близина на градот Госпиќ, кој исто така имал етничко српско население. Областите подоцна биле наречени САО Краина и, откако ја објавиле својата намера да се интегрираат со Србија, Владата на Хрватска го прогласила тоа за бунт.

До март 1991 година, конфликтот ескалирал во Хрватска војна за независност, а веќе во јуни 1991 година, Хрватска ја прогласила својата независност со распаѓањето на Југославија, по што следел тримесечен мораториум, а одлуката стапила на сила на 8 октомври.

Бидејќи Југословенската народна армија (ЈНА) сè повеќе ја поддржувала САО Краина, а хрватската полиција не била во можност да се справи со ситуацијата, во мај 1991 година била формирана Хрватската национална гарда (ЗНГ). Развојот на војската на Хрватска бил попречен од ембаргото за оружје на ООН воведено во септември, додека воениот конфликт во Хрватска продолжил да ескалира.

Битката кај Вуковар започнала на 26 август, а до крајот на месецот, борбите се интензивирале и во Лика, вклучувајќи го и Госпиќ, каде што борбите за контрола на градот продолжиле во поголемиот дел од септември. Иако Госпиќ бил контролиран од хрватските сили, тој останал под српско артилериско бомбардирање по битката.

Борбите резултирале со големи штети на градот и бегство на поголемиот дел од неговото население, по што останале само околу 3.000 жители, а пред војната, Госпиќ броел население од 8.000 жители, вклучувајќи 3.000 Срби. Многу Срби кои претходно живееле во градот избегале, но хрватските власти ги повикале да се вратат преку телевизиски и радио емисии.

Бидејќи цивилното население почнало да се враќа кон крајот на септември, началникот на полицијата на Госпиќ, Иван Дасовиќ, предложил да се состави список на вратените Срби поради безбедносни причини. Според Анте Кариќ, претседател на Кризниот штаб во Лика, Дасовиќ се плашел дека вратените Срби би можеле да засолнат петта колона, поткопувајќи ја одбраната на градот. Кариќ наводно се спротивставил на потегот, но списокот бил составен на 10 октомври. Сличен список на Срби кои се вратиле во блискиот Карлобаг бил подготвен на 16 октомври.

Полицијата во Госпиќ била задолжена за контрола на Кризниот штаб во Лика со наредба издадена од тогашниот министер за внатрешни работи Иван Векиќ, како и 118 пешадиска бригада на ЗНГ и воената полиција со седиште во Госпиќ. Покрај тоа, паравоена доброволна група, со прекар „Есенски дождови“, контролирана од Томислав Мерчеп, била распоредена во Госпиќ во септември; оваа единица формално била подредена на Хрватското МВР.

Убиства Секретарот на Кризниот штаб во Лика, Тихомир Орешковиќ, потполковник Мирко Норац кој командандувал со 118 пешадиска бригада,, свикале состанок на своите подредени и наредиле апсење на цивили, нивно последователно притворање во касарната Перушиќ и убиства.

Изворите не се согласуваат околу точниот датум на состанокот. Според Дашовиќ, состанокот се одржал на 15 октомври, околу 9:00 часот на кој тој присуствувал заедно со неколку други службени лица,а пак други извори, вклучувајќи ја и последователната кривична истрага и сведоците на судењето, посочиле дека состанокот се одржал на 16 или 17 октомври.

Судовите што го воделе случајот, вклучувајќи го и Хрватскиот врховни суд, утврдиле дека состанокот се одржал на 17 октомври и дека Орешковиќ и Норац им наредиле на присутните да ги погубат цивилите што биле уапсени врз основа на подготвените списоци. Убиството на цивили во Широка Кула од страна на српските паравоени сили, кое се случи на 13 октомври, било искористено како изговор за егзекуциите.

Повеќето апсења се случиле на 16-17 октомври, како во Госпиќ така и во Карлобаг, а цивилите биле одведени под закана со оружје од засолништата од бомби почнувајќи од 16 октомври. Два дена подоцна, жителите на Госпиќ биле сведоци на товарење на цивили во единаесет воени камиони на градскиот пазар за добиток, за никогаш повеќе да не бидат видени.

Најмалку десет цивили биле убиени во Житник во областа Госпиќ позната како Пазариште на 17 октомври, а продолжиле и во Липова Главица во близина на Перушиќ на 18 октомври, каде што 39 или 40 лица биле погубени со стрелачки вод откако биле држени во касарната Перушиќ, каде што во тоа време бил сместен батаљон на 118 пешадиска бригада. Тројца цивили биле уапсени во Госпиќ и Карлобаг на 25 октомври и исто така биле застрелани, а нивните тела подоцна пронајдени во областа Равни Дабар на 3 декември.

Многу од жртвите биле истакнати интелектуалци, вклучувајќи лекари, судии и професори. Како и останатите, тие биле лојални на хрватската држава и одбиле да се приклучат на Република Српска Краина, што ги направило нивните егзекуции уште погрозоморни. Се верува дека хрватските жртви на масакрот биле дисиденти кои се спротивставиле на антисрпските мерки на државата.

Последици Масакрот во Госпиќ претставува најзначајното такво злосторство извршено за време на војната. Изворите не се согласуваат околу вкупниот број на жртви во масакрот во Госпиќ, при што проценките се движат од 100 до 120 убиени, а официјалните бројки покажуваат и дека вкупно 123 лица исчезнале во областа на Госпиќ помеѓу 1991 и 1995 година.

Десет жртви биле фрлени во септичка јама и покриени со слоеви глина и камен урнатини во Госпиќ, подоцна откриени од истражителите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во мај 2000 година, предизвикувајќи поплаки од градоначалникот на Госпиќ и улични протести од хрватските ветерани, а 24 дополнителни трупови биле изгорени и фрлени во близина на Дуге Њиве, село источно од Перушиќ, но биле пронајдени од шестата бригада на ЈНА на 25 декември 1991 година, прегледани и повторно закопани во Дебело Брдо, на 15 км оддалеченост од Удбина, дополнително 18 биле закопани во масовна гробница, додека 6 други биле закопани поединечно, но тие биле ископани и повторно закопани на друго место од роднини.

Масовната гробница била ископана во декември 2000 година како дел од кривична истрага. Домовите на жртвите биле ограбени веднаш по настанот од страна на единицата „Есенски дождови“, а во 1992 година, неколку членови на единицата биле кратко затворени од хрватските власти, но ослободени без обвинение.

Во септември 1997 година, сега веќе непостоечкиот хрватски весник „Ферал Трибјун“ објавил детален исказ на очевидецот Мирослав Бајрамовиќ, еден од војниците на „Есенски дождови“, кој тврдел дека бил вклучен во извршувањето на масакро, а во своето интервју, изјавил дека на единицата ѝ било наредено етнички да го исчисти Госпиќ. Тој исто така тврдел дека повремено им било наредено од Томислав Мерчеп, кој бил сојузник на хрватскиот претседател Фрањо Туѓман, да ги „убиваат“ затворениците, и дека Векиќ бил целосно свесен за нивната задача. Бајрамовиќ и тројца други членови на единицата идентификувани во интервјуто биле уапсени, додека Векиќ ги негирал тврдењата на Бајрамовиќ, а хрватските владини претставници негирале каква било одговорност во ова прашање.

За возврат, МКТЈ побарала информации за четворицата. Туѓман ги обвинил Србите и странските агенти за масакрот. Тој накратко уапсил еден водач на хрватската милиција поврзан со убиствата, но подоцна го ослободи и го распореди во Министерството за внатрешни работи.

До 1998 година, двајца хрватски разузнавачи и еден воен полицаец, Милан Левар, Зденко Бандо и Зденко Ропац, се обратиле до МКТЈ нудејќи информации во врска со настаните, а Милан Левар, кој подоцна бил убиен, претставувал особено вреден како сведок бидејќи тврдел дека бил сведок на смртта на околу 50 луѓе во областа Госпиќ. Ранко Маријан, министерот за правда во новата влада, ги критикувал своите претходници и полицијата за нивниот неуспех да го истражат случајот, но властите не успеале да го заштитат Левар, кој бил кукавички убиен со автомобил-бомба на 30 август 2000 година.

Истрагата за убиствата во Госпиќ бил фактор што придонел за критиките кон напорите на владата од страна на седум активни и пет пензионирани хрватски генерали кои го издале Писмото на дванаесетте генерали со кое ја објавиле својата жалба и тоа довело до отпуштање на седум активни офицери, вклучително и од претседателот Стјепан Месиќ. Во групата бил вклучен и Норац, кој имал чин генерал-мајор од септември 1995 година.

Судењето на Орешковиќ и др. Формална истрага за убиствата во Госпиќ била покрената тек кон крајот на 2000 година, а веќе следната година во февруари 2001 биле издадени налози за апсење на Орешковиќ, Норац, Стјепан Грандиќ, Ивица Рожиќ и Милан Чаниќ. Норац избегнувал апсење две недели, убеден дека властите имаат намера да го екстрадираат во МКСЈ, а роднините на Грандиќ, Рожиќ и Чаниќ, потпомогнати од жителите на Госпиќ, се обиделе да ја спречат полицијата да ги уапси тројцата со тоа што ги опколиле полициските комбиња испратени да ги однесат обвинетите во притвор.

Спротивставувањето на обвинителството кулминирало со уличен протест од 150.000 луѓе во Сплит на 11 февруари, а имало протести и во Загреб, каде што се појавиле 13.000 демонстранти, а 10 дена подоцна на 21 фебруари Норац се предал откако доби уверенија дека ќе му се суди во Хрватска, а не од МКСЈ.

На 5 март биле поднесено формално обвинение, со кое петмината се товареле за убиство на 50 цивили во Госпиќ и Карлобаг, а случајот се судел во Окружниот суд во Риека и вклучувал сведочења на 120 сведоци во судот во Риека, од кои 18 преживеани од нападите во Госпиќ од 1991 година сведочеле во Белград и двајца хрватски државјани кои избегале во Германија плашејќи се за сопствената безбедност. Еден од овие двајца, презиме Ропац, одбил да сведочи бидејќи не им верувал на владините гаранции во врска со неговата безбедност.

Во март 2003 година, Судот ги прогласил обвинетите за виновни и така Орешковиќ бил осуден на 15 години затвор, Норац добил 12 години затвор, Грандиќ на 10 години,а Рожиќ и Чаниќ ослободени поради недостаток на докази против нив. Случајот на крајот бил обжален до Врховниот суд на Хрватска во 2004 година, кој ги потврдил првостепените пресуди за Орешковиќ, Норац и Грандиќ, како и ослободителните пресуди за Рожиќ и Чаниќ.

Анализа на BBC News тврдела дека судењата укажуваат на подготвеност од страна на хрватската влада да се справи со воените злосторства извршени од нејзините државјани, по долг период на неактивност опишан од судијата на Окружниот суд во Риека, Ика Шариќ, како „заговор на молчење“.

Бајрамовиќ и уште четворица членови на неговата единица биле осудени во неповрзан случај за убивање и злоупотреба на српски и хрватски цивили извршени во Пољана во близина на Пакрац во 1991 година. Тие добиле затворски казни од 3 до 12 години.