Маргарит (, Маргарити) — раселено село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓа североисточно од Крстополе и 49 км северозападно од Скеча, во падините на Западните Родопи, под врвот Амбар Каја (1.441 м), на надморска височина од 760 м.
Историја Во XIX век Маргарит било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. Едно лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото селото броело 521 жител, кои во 1920 г. се свеле на 345 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 45 бегалски семејства (вкупно 165 бегалци), така што селото станало чиста бегалска населба.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)