350px|thumb|Сумо-борачи на тренинг во хеја Хеја (, букв. „соба“, се користи како наставка „-беја“ поради озвучување) — основната организациска единица во професионалното сумо. Тоа е организација во која членуваат спортистите (рикиши), нивните наставници (ојаката), менаџерите (севанин и вакамоногашира), фризерите (токојама), најавувачите (јобидаши), како и судиите (гјоџи).
Хејата е организација од „интернатен“ тип, каде што поголемиот број борачи постојано престојуваат, тренираат и живеат. Начинот на живот во хејата се опишува како „квази-монашки и стратократски“.Sumo 101: Heya (Stables). Во македонскиот јазик, најчест синоним за зборот хеја е школа. Во англискиот јазик се користи поимот „stable“ — „коњушница“ (по аналогија со екипите во Формула 1), а понекогаш како синоними се среќаваат и поимите „касарна“ и „братство“.
Историја
Системот хеја настанал во епохата генроку и го достигнал својот процут во периодот едо. На појавата на хеја ѝ претходеле здруженија на борачи на „улично“ (неофицијално) сумо (јап. 辻相撲, букв. „борба на аголот од улицата“), каде што некои борачи почнале да се обединуваат во групи за посета на светилишта и организирање добротворни двобои. Во 1648 г., уличното сумо било забрането, по што борачите останале без средства за живот. Започнала нивната борба за сопствените права и почнале да се појавуваат официјални здруженија што барале од владата на шогунот укинување на ограничувањата и плаќање за учество во борбите. Во 1684 г., ронинот по име Иказучи Гондају (јап. 雷 権太夫) добил право да организира сопствен сумо-турнир и предложил нови правила за организација на вакви настани.Cuyler P.L. Sumo: from rite to sport. New York: Weatherhill, 1979. По ова, организацијата на сумо-турнирите почнала во поголема мера да зависи од боречките здруженија, со кои регионалните владетели морале да се соочуваат. Со текот на времето, водечката улога во овие асоцијации ја презеле пензионираните сумо-борачи — тие биле наречени тошијори („старешини“)Hall M. The big book of sumo. Berkeley, Calif, 1997.. Борачите што членувале во асоцијациите почнале да добиваат парични награди за учество на турнирите. Сумо-асоцијации се појавиле во многу големи градови во Јапонија. Токму тогаш се појавиле и првите хеја (部屋, букв. „соби“) — здруженија (екипи, „братства“) на сумоисти. Главните тренери на хеја (кои почнаа да се нарекуваат ојаката) им даваа на своите борачи покрив над главата, ги тренираа и ги организираа нивните борби揺らぐ「相撲部屋」制度―入門者減が招く大相撲の危機とは相撲部屋.
Зборот хеја се однесувал на собите во кои заседавале старешините на сумото, дискутирајќи за организацијата на турнирите. Во периодот генроку, поимот хеја означувал како школа за сумо, така и место за живеење на самиот старешина. Системот на поделба на сумоистите на хеја бил прифатен од Сумо-асоцијацијата на градот Едо (јап. 江戸相撲会所, букв. „Клуб за сумо во Едо“), основана во 1757 г., а потоа и од Осакската асоцијацијаKakuma T. Sumo Watching. Tokyo: Yohan Publications, 1993.. Во епохата хореки, во рамките на хеја се развил систем на наследство — новите ојаката ги земале имињата на своите претходници (на тој начин, хејата почнале да се нарекуваат по имињата на основачите). Поголемиот дел од хејата биле основани од поранешни борачи, но познати се и случаи каде овие организации биле основани од судии (гјоџи).
Во периодот едо, сите борачи биле приклучени кон некоја хеја. Исклучок постоел само за борачите што биле под непосредно покровителство на месните господари — даимјо. Таквите борачи не се сметале за приклучени кон хејата, туку како да се земени „под наем“.
300px|десно|thumb|Тренинг во хејата Хиденојама околу 1860 г.
По реставрацијата меиџи, постоењето на хеја, како и на сумото воопшто, било под закана. Сумото се сметало за варварска, застарена активност, а хејата ја изгубила поддршката од феудалците. Некои хеја, за да го зачуваат својот официјален статус, се реорганизираа во пожарникарски единици. Меѓутоа, со текот на времето, царската власт го променила односот кон сумото, почнувајќи да го гледа како важна национална традиција. Организацијата на турнирите постепено се концентрирала во рацете на државата. Околу 1862 г. настанала најстарата од сегашните постоечки (кои постојат непрекинато од основањето) хеја — Деваноуми. Од 1884 г., самиот цар Меиџи почнал да дава поддршка на сумото, што му дало на овој спорт општонационален карактер. Во 1925 г. била основана единствената Јапонска сумо-асоцијација.
Во текот на Втората светска војна (поточно — војната на Тихиот Океан), зградите на многу хеја биле уништени, поради што биле принудени да се преселат во предградијата на Токио. Многу борачи биле мобилизирани за служба во војската или морнарицата, или биле организирани во „работни одреди“.
Во 1970-тите години било покренато прашањето за можноста странци (кои не се јапонски државјани) да имаат статус тошијори (старешини на Јапонската сумо-асоцијација) и соодветно на тоа да раководат со хеја. Првично, Јапонската сумо-асоцијација остро се спротивставила на ова, нарекувајќи го сумото национален јапонски спорт. Поради цврстиот став на асоцијацијата, до раководството на хеја не биле допуштани дури ни странски борачи што примиле јапонско државјанство. По скандал во медиумите во 1986 г., Асоцијацијата му дала право на поранешниот секиваке Такамијама, кој претходно примил јапонско државјанство и добил лиценца Азумазеки, да отвори сопствена хеја. Така, тој станал првиот ојаката од странско потекло. Во 2013 г., поранешниот јокозуна Мусашимару добил право да ја отвори претходно затворената школа Мусашигава. Подоцна, отворањето на нови или раководењето со постоечки хеја од страна на странци престанало да биде ретка појава — поранешниот јокозуна Какурју (Монголец) станал шеф на хеја Отовајама, поранешниот маегашира Сококурај Еикичи (Кинез со монголско потекло) — на хејата Арашио, поранешниот озеки Котошу (Бугарин) — на хејата Наруто итн.
Наводи
Надворешни врски
List of active stables
Категорија:Сумо Категорија:Јапонски поими