мини|292x292пкс|Сара Садикова додека била студентка на Московскиот конзерваториум во 1924 година Сара Садикова (татарски: Садыйкова Сара Гариф кызы; ; 1 ноември 1906 - 7 јуни 1986) — татарска актерка, пејачка (сопран) и композиторка. Од 1938 до 1948 година била солистка на Татарската опера „Муса Џалил“. Сара изведувала улоги во опери и музички комедии, вклучувајќи ги „Саниа“, „Качќин“ (Бегалка), „Ѓалиабану“, „Башмагим“ (Моите папучи), „Илдар“, како и музичките драми „На Кандир“, „Работодавачот“. Авторка била на многу песни и музички комедии, вклучувајќи ги „Песна за љубовта“ (1971) и „Киавлар “ (1972) во соработка со Р. Ѓобајдулин. Садикова ја добила државната награда „Габдула Тукај“ на Татарската АССР во 1990 година, по нејзината смрт.
Биографија Била родена како Бибисара Садикова на 1 ноември 1906 година во Казан, Руска Империја. Дипломирала на познато училиште за девојки и се запишала на педагошки колеџ.
Во 1921 година, Бибисара го извела својот прв дел во музичката добротворна претстава „Бујдак“ (Ергенот). Еден од професорите на колеџот, татарскиот композитор Солтан Ѓабаши, ја испратил во Московскиот конзерваториум, каде што студирала од 1922 до 1928 година. Во периодот 1930–1934 година, Сара Садикова работела во трупата на Татарскиот академски театар. Таа ја извела една од првите татарски опери „Ешче“ (Работникот) во 1930-тите години. Во периодот 1934–1938 година работела во Татарското оперско студио во рамките на Московскиот конзерваториум.
Во 1942 година, Сара почнала да компонира песни, создавајќи го тангото „Очекување“ по текст од А. Јерикеев. Нејзините омилени стилови биле тангото и фокстротот. Таа компонирала повеќе од 400 популарни песни, како и музика за 30 претстави.
Сара Садикова починала на 7 јуни 1986 година и била погребана на гробиштата Спомен Јања-Татар Бистасе (Новотатарское).
Почести и награди Во 1939 година, прво ја добила титулата Заслужен уметник на Татарската АССР, а потоа во 1977 година станала Народен уметник на Татарската АССР. Во 1984 година ја добила пошироката титула Заслужен работник за култура на Руската СФСР.
Наводи и белешки
Надворешни врски Sara Sadíqova
Категорија:Руски композитори Категорија:Советски композитори Категорија:Починати во 1986 година Категорија:Родени во 1906 година