Нарона () — старогрчки трговски центар на илирскиот брег, а подоцна и римски град и епископија, сместен во долината на Неретва во денешен Вид, Хрватска, кој останала латинско-католичка титуларна столица.
Историја Градот бил основан како грчки емпориум околу 3 или 2 век п.н.е. Првпат се споменува во 24. глава од Периплус на Псевдо-Скилакс.Pseudo Scylax, Periplus, §24 Нарона станала главно римско упориште во 1 век п.н.е., и била дел од римската провинција Далмација. Во 6 век од н.е., потпаднала под византиска власт. Населбата престанала да постои во 7 век по доаѓањето на словенските племиња во регионот.
Црковна историја
Во 530 година била основана епархија на Нарона очигледно суфраган на митрополитската архиепископија во Салона (денешен Сплит). Во 533 година изгубила територии за да ги основа Макарската епархија и Сарсентерумската епархија. Во 600 година била потисната, градот бил разурнат, а неговата територија припоена кон епархијата Рагуза .
Единствениот запишан епископ бил
Марсело (530? – 533?), кој присуствувал на епископски собори во Салона во обете наведени години.C. L. de Voinovitch, Histoire de la Dalmatie, 2008, p. 219.
Археологија десно|мини|250x250пкс|Археолошки музеј Нарона Во 1995 година бил откриен римски храм, кој го осветил гувернерот Долабела, и содржел статуи на царевите Клавдиј и Веспазијан, како и две на Август и неговата сопруга Ливија. Статуите биле вандализирани во 4 век: лежеле на подот, а главите им биле скршени. Главите на Веспазијан и на една статуа на Ливија биле најдени во околното подрачје од страна на британскиот археолог Артур Еванс во 1878 година. Така, главите биле повторно споени со нивните тела. Познатите римски статуи биле на турнеја низ големите европски музеи.
Биле ископани една катедрала и уште најмалку две цркви.
Наводи
Надворешни врски и литература
Археолошки музеј на Нарона - Вид, Хрватска Католичка - поранешна и титуларна епископија Pius Bonifacius Gams, Series episcoporum Ecclesiae Catholicae, Лајпциг 1931 година, стр. 410 Nuovo bullettino di archeologia cristiana, 1906, стр. 211
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Хрватска Категорија:Престаноци во 7 век Категорија:Илирија