мини|десно|250п Русилово (, Ксантогија, до 1926 г. Ροσίλοβον, РосиловонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ροσίλοβον -- Ξανθόγεια) или Старо Русилово — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Денес е раселено (2021). Денес поголемиот дел од преостанатите жители се преселени во новооснованото село Ново Русилово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на западно од градот Воден, на планината Ниџе, северно од Островското Езеро. Лежи на надморска височина од 620 м било напуштено во 1980-тите, а населението преселено во денешното, поради поповолната местоположба (крај патот од Воден за Суровичево и Лерин).Симовски, стр. 53
Историја Османлиско време Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович, Русилово го опишал како македонско село.нарекувајќи го „бугарско“, под влијание на бугарската политикаГригорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Русилово (Roussilovo) било село во Воденската со 47 куќи и вкупно 190 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159. Црквата „Св. Димитриј“ датира од 1884 г.Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 250 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149. Егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) вели дека во 1905 г. во Русилово (Roussilovo) имало 360 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
Во 1910 г. селото имало 300 жители, сите под врховенството на Бугарската егзархија.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога броело 335 жители (друг извор наведува 148 мажи и 133 жени). Откупени се 17 имоти на селаните, кои се иселиле во Бугарија.Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911) Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 45 македонски куќи.
Во 1920 Русилово е посочено како село со 378 жители „Словени“ христијани, во 45 куќи.Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911) Во 1926 г. Русилово е преименувано во Ксантогија, но изворното име продолжува да се користи.www.edessacity.gr Во 1927 г. селото е заведено како чисто македонско, без грчки доселенички семејства.
Селото настрадало во Граѓанската војна, поради што неколку семејства и поединци морале да се преселат во Р. Македонија. По војната започнало иселување во Воден.Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје 1998. Во 1950-те жителите постепено почнале да го основаат Ново Русилово на 2-3 км од старото и да го напуштаат дотогашното село.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Друшка, Кадрево и Ново Русилово.
Личности мини|десно|180п|Мирка Гинова Ристо Русуленчич (1883-?) — преродбенички деец, соработник на Крсте Петков Мисирков и соосновач на Македонскоto научно-литературно другарство во Санкт Петербург Нацо Настев — револуционер, воденски војвода на МРО Мирка Гинова (1923-1946) — партизанка, народен херој на Македонија
Наводи
Категорија:Русилово