Едгар Шенон Андерсон (роден на — починат на ) — американски ботаничар. Тој го вовел терминот интрогресивна хибридизација, а неговата книга од 1949 година била оригинален и важен придонес во ботаничката генетика. Неговата работа за преносот и потеклото на адаптациите преку природна хибридизација продолжува да биде релевантна.

Андерсон бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1934 година. Во 1954 година, тој бил избран за член на Националната академија на науките. Бил и претседател на Американското ботаничко друштво. Во 1952 година, станал член-основач на Друштвото за проучување на еволуцијата и Американското друштво за билки. Добил медалот Дарвин-Волас од Линеевското друштво во 1958 година.

Ран живот и образование Андерсон бил роден во Форествил, Њујорк Кога имал три години, неговото семејство се преселило во Ист Ленсинг, Мичиген.

Во 1914 година, Андерсон се запишал на Мичигенскиот државен колеџ, за да студира ботаника и хортикултура. Откако дипломирал биологија во 1918 година, се приклучил на Морнаричката резерва, а во 1919 година прифатил постдипломска позиција на Институтот Баси на Универзитетот Харвард. Неговите студии биле под надзор на генетичарот Едвард Мареј Ист. Андерсон работел на генетиката на самоинкомпатибилност во тутунот. Магистрирал во 1920 година. Докторирал по земјоделска генетика во 1922.

Кариера десно|мини|200x200пкс|Iris versicolor мини|200x200пкс|Iris virginica Андерсон ја прифатил позицијата генетичар во Мисуриската ботаничката градина во 1922 година. Тој бил назначен за доцент по ботаника на Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис. Неговото истражување било фокусирано на развој на техники за квантифицирање на географските варијации кај Iris versicolor. Андерсон го утврдил постоењето на втор вид, Iris virginica.

Во 1929 година, Андерсон добил стипендија за студии на Хортикултурниот институт „Џон Инес“ во Британија. Работел со цитогенетичарот К. Д. Дарлингтон, статистичарот Роналд Фишер и генетичарот Џ. Б. С. Халдејн. Збирот податоци на Андерсон за три сродни видови перуники бил користен од Фишер како пример со кој се демонстрирале статистички методи на класификација и последователно станал многу познат во заедницата за машинско учење, иако често се опишува како Фишерови перуникиеви податоци. лево|мини|Расејувачки дијаграм од Фишеровите перуникиеви податоци Андерсон се вратил во САД во 1931 година и се вработил во Арборетумот „Арнолд“ на Харвард, каде што работел со генетичарот Карл Сакс. Во 1935 година се вратил во Мисуриската ботаничката градина, а во 1937 година ја добил професорската титула „Енгелман“ по ботаника на Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис. Помеѓу 1934 и 1938 година работел претежно на Tradescantia . Тој бил првиот што го вовел терминот интрогресивна хибридизација.

Во 1941 година, Андерсон бил поканет да одржи Јесупски предавања на Колумбискиот универзитет со Ернст Мајр. Таму дискутирал за улогата на генетиката во систематиката на растенијата. Наместо тоа, тој го насочил своето внимание кон пченката, нагласувајќи ја потребата од проучување и на дивите и на култивираните растенија.

Андерсон ја објавил книгата „Интрогресивна хибридизација“ во 1949 година, опишувајќи го трансферот на гени помеѓу хибридизирачките форми, и улогата на интрогресијата во видообразувањето. Тој ја напишал и популарната научна книга „Растенија, човек и живот “ (1952), опишана од еден рецензент како „книга што секој ботаничар и антрополог треба да ја прочита“. Андерсон кратко бил директор на Мисурските градини во 1954 година, но се вратил на предавање во 1957 година. Официјално се пензионирал во 1967 година.

Андерсон бил близок колега и пријател на Естер Ледерберг. Тие често ги посетувале симпозиумите на лабораторијата Колд Спринг Харбор. Андерсон бил близок пријател со многу други колеги, како што се Џ. Б. С. Халдејн и Џ. Ледјард Стебинс.

Наводи

Литература

Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Починати во 1969 година Категорија:Родени во 1897 година Категорија:Американски генетичари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американско ботаничко друштво