„Записи за црниот Владимир“ (српски: Записи о црном Владимиру) — стихозбирка на српскиот поет Стеван Раичковиќ.

Осврт кон делото Посебна одлика на оваа стихозбирка е тоа што авторот вметнува два прозни записа, што претставува оригинална и единствена постапка во српската поезија, а можеби и во светската. Во воведниот запис со наслов „Наместо фуснота“, авторот раскажува за познанството со селанецот Владимир Пуриќ, 35-годишен Циган од селото Сопот на Космај, со кого заедно лежеле во една болница при што Пуриќ бил смртно болен. При една средба, тој го замолил поетот да напише песна за неговата болест.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 119. Во вториот прозен запис со наслов „Без епилог“, поетот раскажува за настанувањето на песните (записите), за своето излегување од болницата и за непознатата судбина на Пуриќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 131-132.

Приказната за земјоделецот Владимир поетот ја раскажува без патетика, со онаа „сложена едноставност“ карактеристична за најголемите мајстори на кратката проза, како Чехов. Притоа, најдобрите песни од овој поетски циклус (со наслов „Варијации“) спаѓаат во врвните остварувања на српската поезија. Тие се тематски најоддалечени од биографскиот извор на циклусот, зашто бавното умирање на Владимир Пуриќ во нив е присутно само како далечно ехо, а лккот на Владимир може да се насети во косачот кој се прикрадува во ноќта. Во третата варијација, врската со Владимир Пуриќ речиси не може да се воочи, зашто оваа песна е посветена на мотивот на ноќта кој постепено се развива и ја достигнува кулминацијата во завршните строфи, кои со мелодичноста и имагинацијата можат да се мерат со големите остварувања на рускиот симболизам. Впрочем, во прозната рамка на циклусот, самиот поет соопштува дека постепно почнал да се одвојува од причините поради кои започнал да ги пишува песните, враќајќи се кон поезијата и кон себеси. Дури откако поетот се оддалечил од животната драма на болниот Владимир, успеал да го изгради неверојатниот уметнички лак присутен во „Варијациите“. На тој начин, мрачното раскажување за бавното умирање на Владимир Пуриќ не е само лична драма не поетот Раичковиќ, туку и приказна за драмата на поезијата, воопшто.Nikola Milošević, „Sinteza klasičnog i modernog“, во: Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 170-172.

Наводи

Категорија:Дела на Стеван Раичковиќ Категорија:Српска поезија