Општина Стражица () — општина во Северна Бугарија, една од составните општини на Великотрновската област. Административен центар е градот Стражица. Има 13.842 жители (2022).
Географија Општината се наоѓа во североисточниот дел на Великотрновската област. Со својата површина од 508,297 km2 го зазема 5-то место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 10,91% од нејзината територија. Релјефот на општината е разновиден — од рамничарски во северниот дел до ридски на југ, каде што се простираат делови од Предбалканскиот регион.
Самоуправа Општината се состои од 22 населени места, од кои 1 град и 21 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Асеново Балканци Благоево Брјаговица Виноград Владислав Водно Горски Сеновец Железарци Кавлак Камен Кесарево Лозен Љубенци Мирово Николаево Нова Врбовка Ново Градиште Паисиј Стражица Сушица Теменуга Царски Извор
Поврзано ОБласт Великотрново Општини во Бугарија
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Стражица
Стражица