мини|Зосимаја школата во Јанина Зосимаја школата () во Јанина претставувала еден од најзначајните образовни центри на Балканот во XIX век. Таа била основана со средства на браќата Зосима, богати трговци од Јанина, кои вложиле капитал во европски банки и го насочиле кон создавање престижна гимназија. Според некои извори школата започнала уште во 1769 година, но официјално е документирана во 1828 година.

Наставната програма била класична и ориентирана кон античката култура: грчки јазик со дванаесет часа неделно, латински со четири и пол часа, француски со три часа, а покрај тоа се изучувала реторика и литература. Школата располагала со богата библиотека и лабораторија по физика, што било реткост за тоа време.

Во неа се школувале многу истакнати личности од албанската и грчката преродба: браќата Фрашери, Исмаил Ќемали, Наум Врето, Наум Крстофориди и други. Таа станала интелектуален центар каде се оформувале идеи за национална преродба и културна афирмација.

Категорија:Училишта во Грција