Никола Панов Димов, познат по псевдонимот Кокошкарот (Велес, 1918 — Гарешница, 26 април 1945) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната борба. Деец на Комунистичката партија на Македонија. Дел од Петнаесетиот македонски корпус.
Животопис Никола Димов е роден во 1918 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Неговиот татко Пано Димов се занимавал со занаетот. Основно образование и три години во вечерно училиште стекнал во неговиот мајчин град. Потоа работел во дуќанот на татко му. Таму го научил чевларскиот занает. Пред Втората светска војна се вработил во велешкиот Монопол. Го поткрепил социјалистичкото движење во Велес. Во 1938 година се приклучил во СКОЈ. Редовно учествувал во партиски собири. Подоцна станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1939 година се приклучил во УРССЈ — огранок на КПЈ.
После Априлската војна, Велес била под Бугарска фашистичка окупација. Димов помогнал со снабдување на НОПО „Димитар Влахов“. Дуќанот на татко му било место за редовни партизански средби. Поради тоа во 1942 година бил уапсан и интерниран во Петричко, Пиринска Македонија. Следната година се вратил во Велес и продолжил да ја поткрепи Народноослободителната војска. Во септември 1944 година се приклучил во Четиринаесетта македонска ударна бригада. Учествувал во ослободувањето на Источна Македонија. Учествувал во борби против Балистите во Скопско и подоцна Тетовско. Во јануари 1945 година, после ослободувањето на Македонија, се приклучил во Петнаесетиот македонски корпус.
Под наредби од Главниот штаб на НОВ и ПОМ, Народноослободителната војска на Македонија учествувала во Сремскиот фронт против Третиот Рајх. Никола Димов учествувал во битките за конечното ослободување на Југославија. На 26 април 1945 година загинал во борба против германската војска во Кајгана, денес приградска населба во Гарешница, Хрватска.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Починати во Хрватска Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ