Косовскиот музеј (; /Музеј Косово) — национален музеј на Косово, сместен во градот Приштина. Бил основан од југословенските власти во 1949 година, а денес е најголемиот музеј во Косово. Сместен е во зграда од австроунгарски стил од 1889 година, порано користена како штаб на високата воена команда.
Музејот е најраната институција за културно наследство во Косово, основана со цел зачувување, реставрација-конзервација и презентација на движното наследство на територијата. Сместен е во посебен објект, од архитектонска гледна точка, но и поради неговата локација, бидејќи се наоѓа во старото јадро на центарот на градот.
Историја Основан во 1949 година, Косовскиот музеј има одделенија за археологија, етнографија и природни науки, на кои во 1959 година им бил додаден оддел за проучување на историјата и Народноослободителната борба. Активно спонзорира археолошки ископувања, конзервација и други научни работи. Од 1956 година објавува годишно списание наречено Buletin i Muzeut të Kosovës, со статии на албански јазик (со резимеа на француски, англиски или германски јазик).
Целокупниот музеј се состои од три музејски дела: самиот Косовски музеј, станбениот комплекс на Емин Ѓику каде што е презентирана етнолошка изложба и Музејот на независноста. Музејот се состои од четири сектори, археолошки сектор, етнолошки сектор, историски сектор и природен сектор. Главната музејска зграда се состои од 3 сали или галерии, а една од нив служи како сала за постојани археолошки изложби, но разни експонати се презентирани и во внатрешниот двор на музејот, како и во лапидариумот, соодветно во Археолошкиот парк, кој се наоѓа веднаш до зградата на музејот или од нејзината десна страна. Во подрумите на музејот се наоѓаат магацини со илјадници наоди, артефакти и подвижни фрагменти од археолошки материјал, кои се систематизирани и чувани во посебни услови со посебно внимание и грижа. Во зградата на Косовскиот музеј, поточно на третиот кат, се наоѓа работната средина на Косовскиот археолошки институт, научно-стручна институција одговорна за археолошки истражувања.
Етнолошки музеј
Етнолошкиот музеј е составен дел од музејот, сместен во стариот станбен комплекс, кој се состои од четири згради: од кои две датираат од 18 век, а други две од 19 век.
Станбениот комплекс бил изграден од семејството Ѓиноли или Емин Ѓику, кои потоа мигрирале во Турција во 1958–59 година. Подоцна, во овој станбен комплекс бил отворен Природонаучниот музеј. Во 2006 година, во овој станбен комплекс била поставена постојана етнолошка изложба на Косовскиот музеј. Концептот на етнолошки музеј се базира на 4 теми кои го претставуваат животниот циклус почнувајќи од раѓањето, животот, смртта и духовното наследство на Албанците во Косово за време на отоманскиот период.
Камената куќа или синагогата е исто така дел од музејот која во текот на 1950-тите години била префрлен од стариот дел на градот Приштина во овој станбен комплекс. Денес служи како центар на современа уметност – Станица.
Археолошки парк Археолошкиот парк, познат како Лапидариумот на Косовскиот музеј, бил дизајниран да стане дополнителен дел од отворената изложба на археолошкото наследство на Косово. Архитектонски фрагменти, епиграфски натписи, олтари и куќички или надгробни споменици, кои покрај митолошките сцени, погребните поворки, претставуваат слики од минатите потомци дополнети со резбани натписи, сето тоа рефлектирајќи го духовниот и материјалниот свет од античкиот период на Дарданија.Archaeological guide of Kosovo Retrieved 22 August 2024.
Археолошкиот парк бил дизајниран да служи како лапидариум, што е однапред одредено место за изложување камени споменици и архитектонски фрагменти од археолошка природа. Паркот бил наменет да служи како спомен-место за антиката и нивото на цивилизациите од античко време, а исто така и за организирање културни и образовни настани за деца и млади.
Галерија
Наводи
Категорија:Национални музеи Категорија:Културно наследство на Косово