Чикашкиот џез фестивал е четиридневен годишен џез фестивал со бесплатен влез во Милениумскиот парк во Чикаго. Го организира Одделот за културни работи и специјални настани и а програмата се организира со помош на Џез Институтот во Чикаго за време на викендот по повод Американскиот Ден на трудот (првиот понеделник од септември), заедно со меѓународни и локални уметници.
Прво издание Кратко по смртта на Дјук Елингтон во 1974 година, во Грант Парк бил организиран фестивал во негова чест. Присуствувле повеќе од 10.000 љубители на џезот, а настанот станал годишен, привлекувајќи толпи до 30.000. Во 1978 година, друга група организирала фестивал во Грант Парк во чест на Џон Колтрејн. Кога, во 1979 година, Џез Институтот во Чикаго започнал со подготовки за својот фестивал во Грант Парк, тоа резултирало со три одделни џез фестивали кои се одржувале во Грант Парк на крајот на август, Канцеларијата за специјални настани на градоначалникот се вмешала и ги споила трите различни фестивали во Чикашкиот џез фестивал.
Со години, сите вечерни настапи на фестивалот биле емитувани во живо на 180 јавни радио станици. Подоцна, најзначајните емисии биле собирани за подоцнежно емитување, сè додека WBEZ не престанале со своето долгогодишно емитување на џез музика.
Џез Институтот во Чикаго продолжил да го создава програма за Чикашкиот џез фестивал секоја година, барем до 2024 година. Фестивалот е дел од летната серија концерти и фестивали спонзорирани од градскиот Оддел за културни работи и специјални настани, како „Вкусот на Чикаго“ и Чикашкиот блуз фестивал.
Поради пандемијата КОВИД-19, џез фестивалот била на пауза во 2020 година, имал скратена верзија во 2021 година, но се вратил со целосен состав во 2022 година.
Изведувачи Меѓу изведувачите биле Мајлс Дејвис, Ела Фицџералд, Ентони Брекстон, Бети Картер, Лајонел Хемптон, биг бендот на Чико О'Фарил, Џими Докинс, Џони Фриго, Слајд Хемптон, Рој Хејнс, Сара Вон, Кармен Мекреј, Б.Б. Кинг, Каунт Бејзи, Сан Ра, Стен Гец, Џими Смит, Декстер Гордон, Дизи Гилеспи, Кени Барел, Орнет Колман и многу други.
Наводи
Категорија:Џез фестивали