Корчо-војвода или Левент Корчо (Сарај, XVIII век – ?) — легендарен македонски ајдутин од крајот на XVIII – почеток на XIX век.

Животопис Корчо е роден во XVIII век во с. Сарај, Струмичко, тогаш во Отоманското Царство. Неговата личност е доста нејасна. Работел заедно со татко му како овчар кај струмички бег. Откако бегот го затворил неговиот татко, Корчо станал ајдутин и со својата чета ја нападнал Струмица, при што го ослободил својот татко и го запалил чифлигот на арамбашата Сулејман Каргалија. Според народниот еп, Корчо го поддржувал Осман Пазвантоглу против централната власт во Цариград, а учествувал во Првото српско востание (1804–1813) и во грчкото ослободително движење.

Наводи

Категорија:Македонски ајдуци