Општина Макреш () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Видинската област. Административен центар е селото Макреш. Општината има 1.312 жители (2022).
Географија Општината е сместена во западниот и централниот дел на Видинската област. Со површина од 228,79 км2 го зазема 7-то место меѓу 11-те општини во областа, што претставува 7,49% од територијата на областа.
Релјефот на општината е среднопланински и ридски. Нејзината територија условно припаѓа на две физичкогеографски области во Бугарија — Западната Дунавска Рамнина и западниот дел на Предбалканот.
Самоуправа Општината се состои од 7 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
В’лчек Киреево Макреш Подгоре Раковица Толовица Цар Шишманово
Наводи
Поврзано Област Видин Општини во Бугарија
Надворешни врски Мрежно место на Општина Макреш
Макреш