Fatoua villosa претставува едногодишна билка од семејството Moraceae (црници).
Потекнува од Источна Азија ( Кина, Јапонија, Кореја,Тајван, Тајланд и Виетнам), некои острови во Пацификот (Бизмарков Архипелаг, Индонезија (Јава, Малуку, Сулавеси и Малите Сундски острови), Нова Гвинеја, Филипините, Соломоните) и делови од Австралија (Западна Австралија и Квинсленд).
И покрај набројаните, сепак станал инвазивен вид во Соединетите Американски Држави каде што растел во нарушени области како што се цветни леи, оранжерии и земјоделски полиња.
Опис F. villosa претставува едногодишна билка, а понекогаш и повеќегодишна билка на длабокиот југ на САД, а целото растение е покриено со жлездести и закривени влакна, што му дава на растението лепливо чувство на допир.
Листовите личат на листовите од боболка. Листовите се во облик на срце и се во должина до 10см со засечена граница на листот, а во основата на секој лист има пар стипули.
Тоа е еднодомно растение, што значи дека има одделни машки и женски цветови на истото растение и каде и двете цветови се собрани во аксиларни гроздови, додека плодот е со едно семе и експлозивно го исфрла семето до неколку метри.
Инвазивно лево|мини|Автохтониот ареал на Fatoua villosa е прикажан со зелена боја, додека инвазивниот ареал е со виолетова боја. F. villosa се собира масовно во цветни леи и стакленици, што силно укажува дека растението се шири преку хортикултурен материјал.
Бил првпат пријавен во Луизијана во 1964 година и оттогаш се проширил на север до Мичиген и Масачусетс, а подоцна и на запад до Калифорнија и најверојатно ќе продолжи да се шири и може да стане поинвазивен. Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Црници Категорија:Статии со текст на јапонски