Кумлија или Кумли (, Амудија, до 1926 г. Κουμλή, Кумли) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението е мешавина од староседелски Македонци и грчки колонисти.

Географија Селото се наоѓа на 24 км северозападно од градот Сер и на 9 км северозападно од Просеник.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Кумлија било село во Демирхисарската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кушлиј (Kouchlii) е село со 105 домаќинства сочинети од 50 муслимани и 270 Македонци. Во него работела грчката пропаганда.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кумлија броела 750 жители Македонци, 150 Турци и 45 Роми.

Сите христијани во Кумлија биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 640 Македонци егзархисти.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Кумлија имала 871 жител, но во 1920 г. населението се намалило на 544 лица. Ова се должи на фактот што извесен дел од населението се преселило во Бугарија. Во 1924 г. муслиманските жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На местото на иселените властите довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Кумлија е претставена како мешано село со 820 жители, од кои 103 лица (30 семејства) биле дојденци, а останатите мештани. Во 1926 г. селото е преименувано во Амудија, преведувајќи го изворното турско име со значење „песокливо“.

+ Месности во Кумлија преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Марковица Μορκοβίτσα Тригонон Τρίγωνονмесност на Ј од Кулмија Асанка Άσάνκα Платома Πλάτωμαмесност на ЈИ од Кулмија Мисир Трласи или Месирали Μεσίραλι Каламбокиес Καλαμποκιέςниви на СЗ од Кумлија Чаутка Τσαούτκα Ставродроми Σταυροδρόμι Горни Азмак Άνω Άσμάκι Хорисма Χώρισμα

Население

Личности Апостол Митев (1881/1882 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, III чета на XIV Воденска дружина Димо Митев — борец во МОО, I чета на IX Велешка дружина, ранет на 7 ноември 1912 г. Христос Пападопулос — гркомански андарт

Наводи

Категорија:Долна Џумаја