Тверца () — река, што е лева притока на Волга и се наоѓа во Вишневолотскиот, Спировскиот, Торжочкиот, Калининскиот реон и градовите Торжок и Твер кои се наоѓаат во Тверската Област, Русија.
Долга е 188 километри и има сливна површина од 6,510 км², а главните притоки на Тверца се Малаја Тигма, Логовјаж и Кава од лево, а Шчегринка и Осуга од десно.
Старотверецкиот канал е долг околу 3 км и е дел од водениот пат Вишни Волочјок кој се смета за извор на реката Тверца, која воедно ја поврзува реката со резервоарот Вишни Волочјок, а вториот одводнува до 80% од својата вода од реката Цна во Тверца.
Тверца тече кон југ каде го преминува западниот дел од Спировскиот реон и се пренасочува кон исток јужно од Торжок, каде реката влегува во Калининскиот реон и тече кон градот Твер каде во северните предградија на градот, Тверца се пренасочува кон југ, додека нејзиното устие се наоѓа во центарот на градот Твер.
Реката Тверца во времетраење од ноември до почетокот на јануари замрзнува и останува под мразот до крајот на месец март или април.
Градовите Торжок и Вишни Волочјок се наоѓаат на брегот од реката Тверца, а истоимениот град Тверца се наоѓа на нејзиниот устие со Волга.
Од средниот век, Тверца е дел од воден пат што ги поврзува Балтичкото Море и Волга, кој тече по реките Нева, Волхов и Мста.
Сливот на реката Тверца го вклучува југозападниот дел од Вишневолотскиот реон, западните делови од Спировскиот и Лихославскиот реон, а воедно и поголемиот дел од Торжочкиот реон, на источниот дел од Кувшиновскиот реон и северозападниот дел од Калинскиот реон, целата Тверска област и воедно градот Торжок и делови од градовите Вишни Волочјок и Твер.
Наводи
Категорија:Реки во Тверската област Категорија:Притоки на Волга Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис