Искарската Клисура () — клисура во Бугарија со должина од 70 км, која поминува низ Стара Планина (Балкан). Таа е главниот премин низ Балканот, кој инаку ја пресекува северна Бугарија во непрекината линија.

Преминот го поврзува главниот град Софија преку Мездра, каде што клисурата завршува, со другите поголеми градови во северниот дел на земјата, како што се Видин, Враца, Плевен и други. Низ клисурата поминуваат пат и железница, следејќи го текот на реката Искар.

Ѕидовите на кањонот се направени од варовник и песочник, кои реката Искар ги обликувала во текот на илјадници години, создавајќи нерамни карпи и кули по целиот тек. На одредени места, ѕидовите достигнуваат висина од речиси 300 метри.

Надворешни врски Планинарска карта на патеките во регионот на Искарската Клисура Видео: Искарската Клисура

Наводи

Категорија:Стара Планина Категорија:Клисури во Бугарија Категорија:Софија (градска област) Категорија:Враца (област)