Бели Пресеки или само Пресеки () — планински превој на границата помеѓу Серско и Драмско, Егејска Македонија. Ги поврзува Лиската и Крушевската Котлина. Превојот има облик на седло кое ги двои планините Алиботуш и Црна Гора на најмала височина од 1.150 м. мини|лево|300п|Поглед кон седлото од јужната падина на Алиботуш под Козја Стена. Спротива е планината Црна Гора. Низ Бели пресеки поминува земјен пат кој ги поврзува селата Трлис, Караќој, Крчово и Крушево. Бил главна сообраќајна артерија за време на Отоманското Царство, а денес има само месно значење.
Заседа врз Јаџи Јусуф На 7 април 1882 г.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр. 609. на Бели Пресеки серскиот војвода Георги Зимбилев со неговите четници во заседа ги ликвидирале Хаџи Јусуф и неговите 13 Черкези кои биле испратени да ги убијат. Од неговата четата загинале Димитар Бунев од Балдево и Илија од Исирлака. Четата потоа се повлекла кон Долно Броди, Старчишта и Калапот. Истата година, есента четата се повлекла во Бугарија. Во врска со овој случај околу 100 луѓе биле уапсени и затворени во Валовишта и Сер — првенци и обични селани од селата Крушево, Крчово и Караќој и биле подложени на нечовечки мачења.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр. 609-613. Некои биле осудени на доживотен затвор, други на 20, 10 и 8 години затвор.
Наводи
Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Синтика