Вишен или Вишени (, Висани) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер на Серскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.

Географија Урнатините на селото се наоѓаат на 9 км северозападно од градот Сер, во пазувите на планината Шарлија. Лежи на 2 км западно од Долно Метох. Источно од селото е манастирот „Пресв. Богородица Вишенска“.

Историја Средновековие На исток од селото се остатоците од доцносредновековната Вишенска тврдина. Во грчки извори името на селото се среќава како Βίσεν, Βίσανη, Βίσενη, Βίσιανη, Βήσ(ι)ανη, Βύσ(ι)ανη, Βίστανη, Βίσσιεν, Βίστανη.

През октомври 1338 година Теодора Кантакузина (1332 - 1381), ќерка на царот Јован V и петта сопруга на султанот Орхан I, му го подарила манастирот на манастирот „Пресв. Богородица Елеуса“ на манастирот Кутлумуш како и други имоти како лозја на различни места, наречени Вишани (της Βήσσιανις), Кори (της Κόρης), Пигадин (του Πηγαδιού) и Нивишта (των Νηβίστων). Ова е првото спомнување на Вишен во историјата, кое најверојатно постоело од XIII век, а можеби и пред средновизантискиот период.

Во Отоманското Царство Селото се споменува како Vīsen во османлиски дефтер од 1454/55 г. со население од 170 жители. Се спомнува и во 1641 г. по повод смртта на 15-годишно девојче, „погребано таму во Вишани“ (ετάφη εκεί εις την Βήσανη).

На крајот на XIX век Вишен било чисто македонско село во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вишен (Vichène) имал 30 домаќинства сочинети од 92 жители Македонци.

Во 1881-1889 г. селото имало 92 жители.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Вишен живееле 200 Македонци христијани.

Во ова време целото село веќе било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вишени (Vicheni) имало 80 Македонци егзархисти.

Во 1910 г. селото имало 80 жители

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 25 жители, укажува на тоа дека селото настрадало во Втората балканска војна. Мешто подоцна бројот се накачилна 30, а во 1920 г. селото е попишано со 28 жители.

Голем дел од преостанатите жители почнале да се иселуваат во Бугарија во 1916 г. за време на Првата светска војна. Во 1928 г. во Вишен останале 28 жители, но тие набргу биле прунудени да го напуштат, и потоа селото е избришано од евиденција.

Во 1968 г. месноста е преименувана од Вишани (Βήσανη) во Халасмата (Χαλάσματα).

На местото на селото во 1972 г. е изграден Вишенскиот манастир „Пресв. Богородица“. Во 1984 г. е изградена црквата „Св. Димитриј“, на местото на истоимен постар храм.

Културни и природни знаменитости Вишенски манастир („Успение на пресв. Богородица“)

Наводи

Категорија:Историски села во Сер Категорија:Шарлија