Cerinthe major заедно со другите членови од неговиот род, е едногодишен вид цветно растение од родот Cerinthe, по потекло од медитеранскиот регион (јужна Европа, западна Азија и северна Африка), а е воведено во Нов Зеланд. Расте и во Македонија. Градинарите имаат избор по спектар на сорти кои се движат од Cerinthe major subsp. major, со морско-зелени бракти и жолти цветови, до Cerinthe major subsp. purpurascens со сини бракти и виолетови цветови.
Опис Едногодишно растение, кое расте во височина од 15 до 60 цм. Стеблото е вертикално или подигнато, голо, неразгрането или разгрането. Долните базални листови издолжено обратнојајцевидни до лопатовидни, со долги лисни дршки. Средните и горните стеблени листови јајцевидно-копјести, приседнати, со срцевидната основа го опфа}аат стеблото; листовите со бели брадавичести израстоци, понекогаш со ретки, куси четинести влакненца. Прицветните листови јајцевидни или срцевидни со еднаква должина како и чашкините листови или подолги. Цветовите се собрани во густи срповидни соцветија во врвниот дел на стебленцето и гранчиwата. Чашката формирана од 5 речиси нееднакво издолжени, во врвниот дел зашилени сегменти, по рабовите со цилии. Венчето е 15–30 мм долго, 5–8 мм широко, повеќе од двапати подолго од чашката, yвончевидно, право, жолто, со црвеникаво-кафеав прстен во отворот. Венечните сегменти јајцевидни, во врвниот дел свиткани наназад, покуси од останатиот дел на венчето. Антерите затворени во венчето. Оревчињата темнокафеави до црни.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 100 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Во Македонија Расте по брдските пасишта, во најтоплите делови на Македонија.
Се посочува за Дојран.
Подвидови Следните подвидови се прифатени:
Cerinthe major подвид major Cerinthe major subsp. oranensis (Бат.) Selvi & L.Cecchi Cerinthe major subsp. purpurascens (Boiss.) Selvi & L.Cecchi
Цветење Во Европа, цвета помеѓу мај и август. Cerinthe major 'Purpurascens'. Retrieved 19 June 2021
Наводи
Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија