Alkanna graeca — вид на растение од родот Alkanna.

Опис Повеќегодишно тревесто растение, 15–35 цм високо. Стеблото вертикално или од основата се издигнува, со долги четинести влакна што стрчат, со куси прилегнати влакненца, со или без жлездести влакна. Базалните листови долгнавесто-копјести до линејно-копјести во основата стеснети 35–60 мм долги, 7–15 мм широки, препокриени со подолги четинести влакна на брадавичести израстоци и со покуси прости и жлездести влакна. Стеблените листови долгнавести, елиптично-копјести или тесно јајцевидно-копјести, во основата проширени и го опфаќаат стеблото, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се развиваат во пазувите на јајцевидно-копјестите или триаголно-копјестите прицветници, кои се двапати подолги од чашката, собрани во куси густи срповидни соцветија кои при формирање на плодот се издолжуваат. Чашката при цветањето е 6–7 мм долга, при формирање на плодот се издолжува, 8–12 мм долга, со многу густи долги прилегнати или полустрчести четинести и со жлездести влакна. Венчето е жолто, од надворешната страна голо, венечната трубичка еднаш до двапати подолга од трубичката на чашката, дијаметарот на проширениот дел од венчето 8–10 мм. Оревчињата 2,5–3,5 мм со мрежесто брадавичеста површина.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 103 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во Македонија Расте по брдските пасишта, по напуштени ниви, во потоплите делови на Македонија.

Познат за Велес, Дојранско помеѓу Стар и Нов Дојран, а се посочува за Валандовско, Калково, и Ниџе.

Пoдвидови

A. g. baeotica A. g. graeca A. g. slavjankae

Наводи

Категорија:Флора на Македонија