— јапонска франшиза што започнала како манга за улични трки, напишана и илустрирана од Шуичи Шигено, која излегувала во периодот од 1995 до 2013 г.

Дејството е сосредоточено на светот на незаконските јапонски планински улични трки (тоге). На почетокот, фокусот бил на трките по удолници, но како што се развивала приказната, внимание се посветувало и на трките по угорници. Главните настани се случуваат во префектурите на регионот Канто. Иако дел од местата имале измислени имиња, тие биле засновани на вистински места. Посебно внимание се посветувало на техниката на поминување кривини, теоријата на спортско возење и техничките одлики на автомобилите. За да биде екранизацијата поавтентична, како консултант бил ангажиран познатиот јапонски возач Кеичи Цучија. Тој дури дал дозвола за користење делови од неговата „Библија на дрифтот“ и се појавил во анимето во камео-улога.

Содржина Според приказната, Такуми Фуџивара е 18-годишно момче што уште од својата 13-та годинаСпоменато во една од првите епизоди. му помагало на својот татко во нивната семејна продавница за тофу. Секој ден, рано наутро, Такуми доставувал тофу до хотелот на врвот на планината Акина, возејќи ја колата на татко му — Toyota Sprinter Trueno AE86 GT-Apex. Иако на изглед била обична, колата била совршено тунирана за планински патишта.

Бидејќи Такуми сакал да се врати дома што побрзо за да спие, тој почнал да експериментира како да ја помине патеката најбрзо што може. За да го научи на прецизност, Бунта му ставал чаша полна со вода во багажникот — Такуми не смеел да истури ни капка. По пет години возење, тој совршено ја научил планината.

На почетокот, екипата „RedSuns“ ја предизвикала месната екипа „Akina Speedstars“. За време на еден ноќен тренинг, Кеисуке Такахаши со својата жолта Mazda RX-7 бил изненаден и престигнат од старата бела AE86 на Такуми. Потрагата по „белиот дух на Акина“ ги довела до Бунта, кој му ветил на Такуми полн резервоар бензин ако победи во трката против RedSuns. Такуми неволно прифатил.

Ликови — главниот лик, средношколец што со години несвесно ги развивал своите возачки вештини.

Бунта Фуџивара (јап. 藤原 文太) — таткото на Такуми, кој некогаш бил најбрзиот возач на Акина.

Рјосуке Такахаши (јап. 高橋 涼介) — капетан на „RedSuns“, кој секогаш ги анализира техничките податоци пред трка. Вози Mazda Savanna RX-7 FC3S.

Кеисуке Такахаши (јап. 高橋 啓介) — помалиот брат на Рјосуке, кој се води по интуиција. Вози Mazda RX-7 FD3S.

Ицуки Такеучи (јап. 武内 樹) — најдобриот другар на Такуми што по грешка купил Toyota Corolla Levin AE85.

Наводи

Надворешни врски Матична страница на мангата

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 1995 година Категорија:Аниме на Crunchyroll Категорија:Аниме-филмови