„Нема земја за старци“ (англиски: No Country for Old Men) — американски филм (драма) од 2007 година, режиран од браќата Џоел Коен и Итан Коен. Главните улоги ги играат: Томи Ли Џонс, Џош Бролин, Хавиер Бардем, Вуди Харелсон и Кели Мекдоналд. Филмот е снимен по истоимениот роман на Кормак Макарти. Филмот бил номиниран за осум награди „Оскар“, а освоил четири, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано сценарио и најдобар спореден глумец (за Бардем). Покрај наградата „Оскар“, Хавиер Бардем ја освоил и наградата „Златен глобус“. Вкупно, филмот освоил 76 награди и имал 109 номинации.„Напната игра на мачка и глушец“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 3. HRT, A Oscara dobiva...: Chicago, američki film (пристапено на 24.4.2021) Филмот добил многу позитивни критики. Така, Роџер Еберт од „Chicago Sun-Times“ го нарекол „најдобриот филм кој го снимиле браќата Коен...“

Содржина Во филмот се зборува за пропадната зделка со дрога, по што следи игра на мачка и глушец помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во пустината во Западен Тексас во 1980-те години.

За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група автомобили покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден ранет. Во едно од возилата има големо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони долари. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената си веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе вода на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и пукаат по него. Иако е ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.

Истовремено, криминалецот и психопатот Антон Чигурх (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот полицаец во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран воздух. Потоа, Чигурх пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати парите. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа радио-предавател и затоа, Чигурх успева лесно да го пронајде. Така, Чигурх и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден хотел, Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигурх во ногата, но и самиот е ранет. Сепак, Левелин успева да побегне во Мексико, каде е сместен во една болница, откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле криминалците, со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристигнува и Чигурх, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената му, ако не му ги даде парите.

Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во Ел Пасо, но за тоа дознаваат и мексиканската мафија и Чигурх, кој ги убива сите криминалци, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и самиот Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигурх. Таа го моли да не ја убива, а тој се обидува да фрли паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигурх ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената рака и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.

Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристигнува во хотелот во Ел Пасо, каде Чигурх веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 14.

Улоги Глумци ЛиковиТоми Ли Џонс Шериф Ед Томас БелЏош Бролин Левелин МосХавиер Бардем Антон ЧигурхКели Мекдоналд Карла Џин МосВуди Харелсон Карсон ВелсТес Харпер Лорета БелБари Корбин ЕлисСтивен Рут Шефот на ВелсБет Грент Мајка му на КарлаГарет Дилахант Вендел

Номинации и награди

БАФТА Најдобар филм (номинација)Најдобра режија (награда) Џоел Коен и Итан КоенНајдобар спореден глумец (награда) Хавиер БардемНајдобра споедна глумица (номинација) Кели Мекдоналд Најдобро адаптирано сценарио (номинација) Најдобра кинематографија (номинација) Најдобра монтажа (номинација) Најдобри звуци (номинација)

Златен глобус Најдобар драма филм (номинација)Најдобар спореден глумец во драма филм (награда) Хавиер Бардем Најдобра режија во драма филм (награда) Џоел Коен и Итан Коен Најдобро сценарио (награда)

Оскар Најдобар филм (награда) Најдобра глумец во споредна улога (награда) Хавиер Бардем Најдобра режија (награда) Најдобро адаптирано сценарио (награда) Најдобра кинематографија (номинација) Најдобра монтажа (номинација)Најдобра звучна монтажа (номинација) Најдобри миксани звуци (номинација)

Наводи

Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на Браќата Коен Категорија:Филмови со Томи Ли Џонс Категорија:Филмови со Џош Бролин Категорија:Филмови со Хавиер Бардем Категорија:Филмови со Вуди Харелсон Категорија:Филмови со Кели Мекдоналд Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови снимени во Тексас Категорија:Филмови на Miramax Films Категорија:Филмови засновани на романи