Свети Никола“ — главна селска црква во битолското село Раштани, Македонија.

Местоположба

Црквата е гробишен храм, сместен во средишниот дел на селото. Околу црквата некогаш биле погребувани и христијани од Битола и Горно Оризари, но овие гробишта сега не постојат.

Историја

Црквата е многу стара и мештаните кажуваат дека е „постара од градот“. На споредниот влез во црквата напишан е натпис 1312 година, поради што може да се смета дека црквата најпрвин е тогаш подигната.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Кукуречанска парохија Раштани

Наводи

Надворешни врски

Раштани