Бел русан () — вид цветно растение од семејството на седефчињата (Rutaceae). Ова тревество повеќегодишно растение има некоку географски варијанти. Домороден е во топлите отворени тревести и грмушести места во јужна Европа, северна Африка и добар дел од Азија. Во Македонија е застапен со две разновидности: Dictamnus albus var. albus и Dictamnus albus var. macedonicus.
Застапеност на растението во Македонија Двете разновидности на белиот русан ја имаат следната распространетост низ Македонија: Dictamnus albus var. albus е многу често растение. Околу Скопје во Радуша, на планините Жеден, Скопска Црна Гора и Водно; Во околината на Куманово, Штип и Овче Поле; Степоликите површини кај Градско, Клисурите на Треска, Пчиња и Тополка, Таорската и Жеденската Клисура. Dictamnus albus var. macedonicus се среќава во потоплите предели. Жеден околу Скопје, Таорската Клисура, клисурата на Пчиња, кај Пробиштип и Кавадарци (с. Мрежичко и с. Рожден), Козјак во прилепско Мариово, во Валандово, Гевгелиско (Богданци), Асанли во Нов Дојран.
Опис Ова растение е високо 40-100 см. Цветовите образуваат лабав пирамидален шилец и по боја може да бидат од бледовиолетови до бели. Имаат по пет венечни ливчиња со долги стрчнати прашници. Листовите се налик на јасеновите.
Одгледување Во градинарството има неколку разновидности и сорти. Разновидноста D. albus var. purpureus, каде виолетовата е присутна само во жилите на белото венче со благ прелив, е носител на Наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво од Англија.. Русанот има вретенест корен, поради што зрелите растенија се тешки за воспоставка и делба; на младите единки им требаат три години пред да почнат да цветаат; бидејќи напролет е доцна за разлистување, дури и возрасните единки може да бидат повредени со поинтезивно копање во тој период.
Токсичност Листовите имаат горчлив и раздразкув вкус, иако по мирис потсетува на лимон. Сите делови од растението предизвикуваат благо стомачно вознемирување ако се изедат, а ако дојдат во допир со кожата предизвикуваат плускавци.
Испарливи масла Растението произведува испарливи масла кои лесно можат да се запалат на врело време, поради што едно англиско име на белиот русан е burning bush, називот на несогорливата капина во Библијата. Испарливите масла содржат изопрен.
Хемија Од родот русан изолирани се преку 100 хемиски составници, меѓу кои алкалоиди, лимоноидни тритерпеноиди, флавоноиди, сесквитерпеноиди, кумарини и фенилпропаноиди.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Одгледување на бел русан во вашата градина За русаните Бел русан како гори (видео)
Категорија:Жолтодрвни Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони именувани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година