Претседател на Собранието на Македонија — главен раководител на Собранието на Република Македонија. Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години.

Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието. Актуелен претседател на Собранието е Африм Гаши од Алтернатива.За претседателот sobranie.mk

Потпретседатели Потпретседателите на Собранието на Република Македонија му помагаат на претседателот на Собранието во вршењето на неговата функција и го заменуваат во случај на отсуство или спреченост. Потпретседателите на Собранието се избираат од редот на пратениците и нивниот мандат трае четири години. Актуелни потпретседатели на Собранието се Јован Митрески од СДСМ, Весна Бендевска од ЗНАМ, и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.Потпретседатели на Собранието sobranie.mk

Список на претседатели (од 1944 до денес) Список на претседатели на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија (1944–1991) Партија

Статус

№Име СликаМандат Политичка партија 1 Методија Андонов - Ченто 2 август 1944 15 март 1946 Комунистичка партија на Македонија 2 Борис Спиров 30 декември 1946 30 декември 1947 Комунистичка партија на Македонија 3 Димитар Несторов 30 декември 1947 3 јануари 1951 Комунистичка партија на Македонија 4 Димче Стојанов 4 јануари 1951 18 декември 1953 Комунистичка партија на МакедонијаСојуз на комунистите на Македонија 5 Лазар Колишевски 19 ноември 1953 26 јуни 1962 Сојуз на комунистите на Македонија 6 Љупчо Арсов 26 јуни 1962 24 јуни 1963 Сојуз на комунистите на Македонија 7 Видое Смилевски 25 јуни 1963 12 мај 1967 Сојуз на комунистите на Македонија 8 Мито Хаџивасилев 80x80пкс 12 мај 1967 12 мај 1968 Сојуз на комунистите на Македонија 9 Никола Минчев 23 септември 1968 6 мај 1974 Сојуз на комунистите на Македонија 10 Благоја Талески 7 мај 1974 28 април 1982 Сојуз на комунистите на Македонија 11 Бошко Станковски 28 април 1982 28 април 1984 Сојуз на комунистите на Македонија 12 Ката Лахтова 28 април 1984 25 април 1985 Сојуз на комунистите на Македонија 13 Станко Младеновски 25 април 1985 28 април 1986 Сојуз на комунистите на Македонија 14 Вулнет Старова 28 април 1986 8 јануари 1991 Сојуз на комунистите на Македонија

Список на претседатели на Собранието на Република Македонија (1991–денес) Партии

Статус

№Име СликаМандат Политичка партија 1 Стојан Андов 8 јануари 1991 6 март 1996 ЛП 2 Тито Петковски 6 март 1996 19 ноември 1998 СДСМ 3 Саво Климовски 19 ноември 1998 30 ноември 2000 ДА 4 Стојан Андов 30 ноември 2000 4 октомври 2002 ЛП 5 Никола Поповски 4 октомври 2002 8 ноември 2003 СДСМ — Лилјана Поповска 8 ноември 2003 18 ноември 2003 ЛДП 6 Љупчо Јордановски 18 ноември 2003 2 август 2006 СДСМ 7 Љубиша Георгиевски 2 август 2006 21 јуни 2008 ВМРО-ДПМНЕ 8 Трајко Вељаноски 21 јуни 2008 27 април 2017 ВМРО-ДПМНЕ 9 Талат Џафери 27 април 2017 26 јануари 2024 ДУИ 9 Јован Митрески 26 јануари 2024 28 мај 2024 СДСМ 10 Африм Гаши 28 мај 2024 ВРЕДИ

Наводи

Надворешни врски Собрание на Република Македонија

Категорија:Собрание на Македонија