Ламбо Порјазов (Костур, XIX век – ?) — македонски претприемач и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис Роден е во градот Костур, Егејска Македонија, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Отворил своја сарачка работилница во градот, а истовремено се вклучил во активностите на ВМОРО. Есента 1900 г. стапил во околискиот комитет на ВМОРО, заедно со Михаил Самарџиев–Гегата (или Гетата). Тој го поддржал револуционерното дело давајќи го својот личен коњ за обиколките на други комити низ Костурско.Македонски преглед, Том 14, брой 4, МНИ, 1994, стр.137. Подоцна се преселил во Софија, Бугарија, каде што отворил нова сарачка работилница на булеварот. „Марија Луиза“. Изработил дел од облеката на Македонско-одринските доброволни чети во 1912 г.
Наводи
Категорија:Луѓе од Костур Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Софија