Абдул Хамид II (, `Abdü’l-Ḥamîd-i-sânî; , роден на година во - починал на година во ) — 34-тиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1876 до 1909 година, и послееден султан кој имал целосна контрола врз царството.. Владеел во периодот на распаѓање на царството исполнет со постојани востанија, особено на Балканскиот Полуостров, и имал неуспешна војна против Руското Царство проследена со успешната војна против Грција во 1897 година. Абдул Хамид II владеел од 31 август 1876 година, сè додека не бил соборен во времето на Младотурската револуција во 1908 година, на 27 април 1909 година. Во согласност со договорот постигнат со републиканските Младотурци, тој го објавил првиот Османлиски устав од 1876 година на 23 декември 1876 година. Сепак, во 1878 година, повикувајќи се на несогласувања со парламентот, тој го суспендирал и краткотрајниот устав и парламентот.

Модернизацијата на Отоманското Царство се случила за време на неговото владеење, вклучително и реформи во бирократијата, проширување на Румелиските железници и Анадолските железници, изградба на железничката линија Багдад-Берлин и железничката пруга Хеџаз. Покрај тоа, бил воспоставен систем за регистрација на населението и контрола врз печатот, заедно со првото локално модерно правно училиште во 1898 година. Најмногу далекусежни реформите биле спроведени во образованието: биле основани многу стручни училишта во областа на уметноста, занаетчиството, градежништвото, ветеринарната медицина, обичаите, земјоделството и лингвистиката. Иако Абдул Хамид го затворил Истанбулскиот универзитет во 1881 година, тој бил повторно отворен во 1900 година, а мрежата на средни, основни и воени училишта била проширена низ целото царство. Железничките и телеграфските системи биле развиени првенствено од германски фирми. За време на неговото владеење, Отоманското Царство стигнало до услови на банкрот, што довело до формирање на Отоманската управа за јавен долг во 1881 година.

Во странство, султанот Абдул Хамид II бил наречен „Црвениот султан“ или „Крвавиот султан“ заради масакрите врз Ерменците за време на неговото владеење и употребата на тајната полиција за замолчување на дисидентите и Младотурците. Сепак, според неговите приврзаници, овие настани биле обиди за клевета иницирани против султанот од неговите непријатели и противнициWho is Sultan Abdulhamid? Türkiye. Posted 2 February 2017.The Yıldız Assasination Planned Against Abdulhamid II and the Diplomatic Crisis with Belgium Turks and Armenians: Turkish-Armenian Relations Throughout History. Retrieved 21 April 2020.Western propaganda against Sultan Abdulhamid II world Bulletin. Posted 26 November 2013., а неговата нација и лојалните граѓани го нарекувале Големиот Каган (турски: Ulu Hakan) главно поради неговите големи напори за модернизација и зачување на царството во тогашните тешки времињаNecip Fazıl Kısakürek, Ulu Hakan (İkinci Abdülhamid Han)Ulu Hakan mı Kızıl Sultan mı? Osmanlı Tarihinin En Tartışmalı Padişahı: 2. Abdülhamid (Turkish) onedio. Published 27 September 2016ULU HAKAN (Turkish Edition) by Necip Fazıl KısakürekHasip Sarıgöz, Ulu Hakan (Turkish). Меѓу многуте обиди за атентат предводени против него, најпознат е обидот за атентат во џамијата Јилдиз во 1905 година од Ерменската револуционерна федерација.

Рани години

Абдул Хамид II е роден на 21 септември 1842 година во палатата Топкапи. Тој бил син на султанот Абдул Меџит I и Тиримуџан султан, со родено име Вирџинија. По смртта на неговата мајка, тој подоцна бил посвоен од легалната сопруга на неговиот татко, Пересту султан. Пересту исто така ја прифатила и неговата полусестра Џемиле султан, чија мајка починала во 1845 година, оставајќи ја без мајка на двегодишна возраст. Двајцата биле израснати во исто домаќинство каде го поминале детството заедно.

Тој бил квалификуван столар и лично изработувал мебел со висок квалитет, што може да се види денес во дворецот „Јилдиз“, „Сале Коску“ и палатата „Бејлербег“ во Истанбул. Абдул Хамид бил заинтересиран и за операта и лично ги напишал првите турски преводи на многу оперски класици. Тој, исто така, составил неколку оперски парчиња за „Mızıka-yı Hümâyun“ (Отоманскиот царски оркестар, кој бил основан од неговиот дедо Махмуд II кој го назначил Доницети-паша за свој генерален инструктор во 1828 година), а бил домаќин и на познатите изведувачи од Европа во оперската куќа во Јилдиз, која била обновена во 90-тите и била прикажана во филмот „Последниот харем“ во 1999 година (филмот започнува со сцената на Абдул Хамид II, гледајќи претстава). За разлика од многу други отомански султани, Абдул Хамид ги посетил далечните земји. Девет години пред да го преземе престолот, го придружувал неговиот чичко, султанот Абдул Азис во посета на Париз (30 јуни - 10 јули 1867), Лондон (12–23 јули 1867 година), Виена (28-30 јули 1867 година) и во главните градови на голем број други европски земји во летото 1867 година (тие заминале од Цариград на 21 јуни 1867 година и се вратиле на 7 август 1867 година).

Качување до престолот

Абдул Хамид се искачил на престолот по детонирањето на неговиот брат Мурат V на 31 август 1876 година. При неговото пристапување, некои биле импресионирани дека тој се возел практично без надзор кон џамијата Ејп Султан, каде му бил предаден мечот на Осман. Повеќето луѓе очекувале Абдул Хамид да ги поддржи либералните движења, но во времето кога се качил на престолот во 1876 година, неговото царство се наоѓало во многу тежок и критичен период, исполнет со економски и политички превирања, локални војни на Балканот и Руско-турската војна од 1877–78 година. Сите овие настани го голема мера го заплашувале самото постоење на Отоманското Царство. Абдул Хамид ги искористил овие тешки времиња исполнети со војна за да го рекреира апсолутистичкиот режим и да го распушти парламентот, узурпирајќи ја целата политичка моќ сè до неговото соборување.

Прва уставна ера (1876–1878)

Абдул Хамид работел со Младотурците за да реализира некаков вид уставно уредување. Оваа нова форма требало да помогне да се реализира либералната транзиција со исламски аргументи. Младотурците сметале дека современиот парламентарен систем е практика која постоела во раниот ислам.

На 23 декември 1876 година, поради востанието во 1875 година во Босна и Херцеговина, војната со Србија и Црна Гора и чувството предизвикано во цела Европа од суровоста користена во текот на Бугарското востание, Абдул Хамид прифатил да биде донесен устав и да биде воспоставен парламент. Западните сили на Меѓународната конференција во Цариград кон крајот на 1876 година биле изненадени од објавувањето на уставот, но европските сили на конференцијата го отфрлиле, претпочитајќи го уставот од 1856 година, Хатихамајун и Хатишериф од 1839 година, но се сомневале дали има потреба парламентот да дејствува како службен глас на народот.

Но, како и многу други можни реформи во Отоманското Царство, и овие се покажале како скоро невозможни за спроведување. Русија продолжила да се мобилизира за војна. Сепак, сè се променило кога британската флота се приближила до главниот град во Мраморно Море. Во почетокот на 1877 година, Отоманското Царство влегло во војна со Руското Царство. Распаѓање

Најголемиот страв на Абдул Хамид била објавената војна на Русија на 24 април 1877 година. Во тој судир, Отоманското Царство се борело без помош од европски сојузници. Рускиот канцелар, принцот Горчаков, успеал да ја добие австриската неутралност со Договорот од Рајхштат. Британското Царство, кое сè уште се плашело од руската закана за британската доминација во Јужна Азија, не се вклучило во судирот заради јавното мислење против Османлиите, по извештаите за отоманската бруталност при задушувувањето на Бугарското востание. Руската победа била бргу реализирана; судирот завршил во февруари 1878 година. Договорот од Сан Стефано, потпишан на крајот на војната, наметнал сурови услови: Отоманското Царство дало независност на Романија, Србија и Црна Гора, доделила автономија на Бугарија, вовело реформи во Босна и Херцеговина, отстапило делови од Добруџа на Романија и делови од Ерменија на Русија, за кое и било исплатено огромно обесштетување. По војната со Русија, Абдул Хамид го укинал уставот во февруари 1878 година и го распуштил парламентот во март 1877 година. Во следните три децении, со Отоманското Царство управувал Абдул Хамид II од палатата Јилдиз.

Бидејќи Русија би можела да доминира во ново независните држави, влијанието на земјата во Југоисточна Европа било значително зголемено со Договорот од Сан Стефано. Поради инсистирање на Големите сили (особено Велика Британија), договорот подоцна бил ревидиран преку Берлинскиот Конгрес, со цел да се намалат големите предности што ги стекнала Русија. За возврат на овие услуги, Кипар бил „изнајмен“ на Велика Британија во 1878 година. Проблеми постоеле и во Египет. Абдул Хамид ги злоупотребил односите со Ураби-паша, и како резултат на тоа, Велика Британија се здобила со виртуелна контрола над Египет и Судан со испраќање на своите трупи во 1882 година со изговор „да донесе ред“ во тие провинции. Кипар, Египет и Судан останале османлиски провинции единствено „на хартија“ сè до 1914 година кога Велика Британија официјално ги анектирала тие територии како одговор на османлиското учество во Првата светска војна на страната на Централните сили.

Земјата се соочувала и со проблеми поврзани со албанското прашање поставено преку Албанската лига во Призрен и со грчките и црногорските граници, и самото спроведување на одлуките од Берлинскиот Конгрес.

Обединувањето во 1885 година на Бугарија со Источна Румелија претставувало уште еден удар. Создавањето независна и моќна Бугарија се сметало за сериозна закана за Отоманското Царство. За многу години Абдул Хамид морал да се справи со Бугарија на начин што не антагонизирал ниту со руските, ниту со германските желби.

На Крит му биле доделени „проширени привилегии“, но овие не го задоволиле населението, кое барало обединување со Грција. Во почетокот на 1897 година, грчка експедиција, пловела кон Крит за да го собори османлиското владеење на островот. Овој чин бил проследен со војна, во која Отоманското Царство ја победило на Грција. Но, како резултат на Договорот од Цариград, Крит бил преземен од страна на Велика Британија, Франција и Русија. Принцот Ѓорѓи бил назначен за владетел на Крит, и островот бил ефикасно изгубен за Османлиите засекогаш. Амилија, револт во 1889-90 година меѓу Друзите и други Сиријци против ексцесите на локалните шеици, на сличен начин довел до капитулација на барањата на бунтовниците, како и отстапки за белгиските и француските компании да ја обезбедат областа преку железнички услуги. Ерменско прашање

Кон почетокот на 1890-тите, Ерменците започнале да бараат од османлиските власти спроведување на реформите кои биле предвидени според Берлинската конференција. Според Берлинскиот конгрес (член 61) од јули 1878 година Високата порта била обврзана да воведе "без одложување поголеми подобрувања и реформи што се бараат од локалните услови во областите населени со Ерменци, и да обезбеди нивната безбедност од Черкезите и Курдите". За да се спречат ваквите мерки, во 1890–91 година, султанот им дал посебен статус на Курдите (како и други етнички туркменски групи) и тие биле вооружени од државата и им било овозможат слободно да го напаѓаат ерменското население, конфискувајќи продавници со жито, храна и добиток, уверени дека ќе ја избегнат казната. Со оглед на ваквото насилство, Ерменците основале револуционерни организации, како Социјалдемократската партија (основана во Швајцарија во 1887 година) и Ерменската револуционерна федерација (основана во 1890 година во Тифлис).