Андреја Тодоров Андреев, познат по прекарот Тотката (Велес, 1883 — 14 април 1941, Велес) — македонски претприемач и касап. Загинал за време на Втората светска војна, поточно при бомбаридрањето на Велес. Неговиот внук е Благој Андреев, првиот дипломиран режисер во повоена Македонија.
Животопис Андреја Андреев е роден во 1883 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од значајното велешко семејство Андрееви. Неговиот татко Тодор се занимавал по занаетот. Андреја стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Наместо да продолжил со средно образование, Андреја отворил дуќан со татко му. Работел како касап.
Андреја Андреев имал три сина: Ордан, Тоде и Димуш. Сите биле истакнати фурнаџии во градот. За време на Априлската војна, градот Велес бил бомбардиран. При нападот загинал Андреја во неговиот дуќан на 14 април 1941 година. Заедно со него бил неговиот најстар син Ордан кој преживеал. Внукот на Андреја е Благој Андреев, првиот дипломиран режисер во повоена Македонија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1883 година Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Отомански Македонци