Moehringia minutiflora е тревесто цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Во Македонија расте по засенчени места повеѓу и под гранитните карпи. Ова растение е ендемит. Познато за Маркови Кули, манастирот Трескавец, Селечка Планина, Мариово, Јакупица и Бегово Поле

Опис Ова е едногодишно растение, со вертикално стебло, силно разгрането, голо. Гранчињата се тенки, кончести, со мал број цветови на врвот. Листовите се голи, речиси еднакви, со слабо изразени три жили. Цветните дршки се долги, тенки, речиси кончести, а цветовите петочлени. Венечните ливчиња се долги околу 0,6-0,7 мм, многу нежни и тешко забележливи.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Македонија